Мицкоски ја спушта топката со маркетите. Се откажа од заканите, најавува средби


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја спушти топката во однос на вчерашните закани кои ги упати кон маркетите, дека нема да прифаќа оправдувања и изговори за цените на прехранбените производи, и најави дека во наредниот период ќе има средби со добавувачите и производителите за да се постигне целта – инфлацијата во делот на прехраната да […]

Мицкоски не прифаќа изговори, очекува производите во маркетите да поевтинат


Во очи на денешниот состанок со трговците, дистрибутерите и со производителите, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува намалување на цените производите во маркетите, а доколку не дојде до тоа, Влада ќе примени други мерки, меѓу кои јавно објавување на оние кои нема да го сторат тоа. „Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа […]

Во тек се инспекциски контроли во маркетите, ако има зголемувања на маржите ќе се преземат мерки


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10-ти до 20 мај спроведува контроли во сите ланци маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тимови се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот […]

Владата ќе ги зголемува глобите за „непослушните“ маркети


 Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики во кој сега максималната глоба е 20.000 евра.  – Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш […]

Покренати постапки за дел од трговците заради цените на храната, ставале „нелогични“ маржи, вели Мицкоски


Премиерот Христија Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти е убеден дека, како што изјави денеска,  девијантното однесување кај ланците маркети ќе се сведе на минимум. На новинарско прашање за индексите на цените во земјоделството во август годинава Мицкоски наведе дека трошоците за импут […]

Последен ден со ограничени маржи, власта се заканува со нови мерки ако има енормно зголемување на цените


Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки. Министерот за економија и труд […]

Маркетите и аптеките од петок со обврска да ги објавуваат цените онлајн


Од петок, сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница.   Од петок ќе нема повеќе „оди провери во другиот маркет, можеби е поевтино“. Наместо со шетање, од дома ќе може да провериме каде е најисплатливо да пазаруваме. Трговците на интернет ќе мора […]

Израел купува над 40.000 авионски бомби од САД во вредност од две милијарди долари


 Израел ќе набави повеќе од 40.000 авионски бомби Mк-84, од кои секоја тежи 900 килограми, а содржи 429 килограми експлозивен материјал. Договорот за оваа набавка изнесува две милијарди долари. Израелската влада ќе купи 35.529 бомби Mк-84 или BLU-117E, како и дополнителни 4.000 продорни боеви глави I-2000 Penetrator. Покрај бомбите, договорот вклучува резервни делови, потрошен материјал, […]

Донесен Законот – трговците на мало мора да ги објавуваат цените на производите на веб-страниците


Собранието на денешната 35. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто пратениците од власта очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.  Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овој закон се носи во насока на заштита на стандардот на граѓаните.  – Изненаден […]

Објавувањето на цените на интернет ќе стане обврска за маркетите: Поднесен е Закон за заштита на потрошувачите


Маркетите на нивните интернет страници ќе мора да ги ажурираат податоците за сите производи кои што ги продаваат и тоа на дневна основа. Ова се предвидува во законскиот предлог за заштита на потрошувачите што го поднесоа пратеници од владејачкото мнозинство. Ова беше предвидено како препорака, но не и како обврска во неодамнешната одлука на Владата […]

Димитриеска-Кочоска: Ако има „картелско“ здружување на маркетите цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде


Ако постои „картелско“ здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така. Секој има можност и опција да пазари каде сака, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа информира дека во вторникот Владата водела долга диксуија околу мерките за цените на […]

Маркети се договарале за цени – Комисијата за заштита поведе постапка


Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите надлежности пропишани во Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи изврши ненајавен увид во четири трговски ланци и во една од стопанските комори во која се здружени истите. – Увидот е […]

Владата уште се пазари со трговците, цените во маркетите и натаму во слободен режим


  Министерството за економија и труд неделава се очекува да се изјасни по предлогот даден од страна на новата Комора на трговци за поевтинување на 100 до 200 прехранбени производи, средства за хигиена и бебешка храна откако во петокот беше остварена средба во Министерството. Како што изјави во петокот Даница Блажевска од „Рептил“ маркети, претставниците […]

Комората на трговци бара итна средба со Владата по ограничувањето на маржите


  Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун бара итна средба со Владата во врска со одлуката за ограничување на маржите. Како што соопшти Комората, одлуката која предвидува 10-процентно ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците и тие ќе бидат принудени […]

Бојкотот го преполови прометот во маркетите, УЈП со детали


Во осумте поголеми синџири на маркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со завчера. -Податоците од […]

По бојкотот се разбудија и институциите – инспекторите ги „чешлаат“ големите маркети


Премиерот Христијан Мицкоски денеска еден ден по бојкотот на големите маркети по постојаното поскапување на основните прехранбени производи, изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа, при што според првичните сознанија она за што биле загрижени во однос на цените е всушност реалност. Повеќе детали за анализите најави од […]

Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите


 Пораки дека решение за високите цени треба да се бара низ дијалог меѓу производителiте и продавачите и да се почитува Законот за нефер трговски практики, беа упатени во тек на бојкотот на големите ланци маркети што се одржа вчера првпат во државава по постојаното поскапување на основните прехранбени производи. Повикот за бојкот ги остави речиси […]

Продавниците со помалку купувачи, граѓаните велат дека на некои секој ден им е бојкот


  Повикот за бојкот на купување од големите синџири маркети, денеска иако е пазарен ден, го намали бројот на купувачи, но не ги испразни и целосно продавниците. За дел од граѓаните, ваквиот протест може да придонесе до освестување на трговците и до намалување на цените, додека други пак, велат дека клучот е во државата и […]

Од денеска ригорозни контроли во маркети и други трговски објекти


Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет. Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција. Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски […]

Инфлацијата стана огромен проблем во Русија, продавниците мора да ги заклучат полиците


Продавниците во Русија мораат да заклучат некои полици со производи поради зголемен страв од кражба, што е резултат на огромната инфлација што влијае на економијата на земјата, пишува CNN. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од кражби, а цените на одредени работи како путер, кромид и месо во последниот период скокнале за 25 […]