Марк Еспер положи заклетва како нов американски министер за одбрана
САД– Марк Еспер и официјално стана новиот американски министер за одбрана откако ноќеска положи заклетва пред човекот што го предложи на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа. Кандидатурата на Еспер вчера беше одобрена од Сенатот. На тој начин, за првпат по повеќе од шест месеци Пентагон доби активен командант – без префиксот „вршител […]