Средба НБ−ОПМ: Преку соработка со граѓанскиот сектор до повисока свест за ризиците од климатските промени


Тим на Народната банка, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со претседателката на Организацијата за потрошувачи (ОПМ), Маријана Лончар-Велкова и со претставници на ОПМ, соопшти НБ. На состанокот, како што се наведува во денешното соопштение на НБ, биле презентирани активностите што ги преземаат за поддршка на зеленото финансирање, како суштински сегмент од зелената транзиција, […]