Андрија Мандиќ избран за претседател на црногорското Собрание


Лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Андрија Мандиќ е избран за претседател на црногорскиот Парламент, јави МИНА. На тајното гласање за избор на Мандиќ гласаа 49 пратеници, а немаше гласови против. На гласањето не присуствуваа пратениците од Демократската партија на социјалистите, Бошњачката партија, Социјалдемократите, Либералната партија, Демократскиот сојуз на Албанците, Хрватската граѓанска иницијатива […]