Пожарот во „Макпрогрес“ пеплоса три од 12 производствени линии, компанијата добива понуди за помош од сите страни


Со понуди за помош, поддршка и солидарност се јавиле голем број домашни компании и маркети, деловни партнери и странски инвеститори, институции и медиуми, како и поединци на социјалните мрежи и со купување на производите на „Макпрогрес“ во Виница откако во пожар минатата недела беа уништени производствени погони на фабриката.  Ним им се заблагодари првиот човек […]

Ќе направиме сѐ што можеме за да помогнеме на фабриката „Макпрогрес“, вели заменик министерот Ристески


Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска ја посети фабриката на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, каде во саботата изби голем пожар во погоните и магацините на фабриката. Пожарот нанесе голема штета и уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката која е една од најголемите производни капацитети во Македонија. На средбата со извршниот […]

Стопанска комора: Поддршката на „Макпрогрес“ е поддршка на македонската економија


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески в петок ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој ќе треба да се разговара каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажбата со цел засилена продажба на производите на Макпрогрес Виница.  Како што информира Стопанската комора на Северна Македонија, идејата на ваквата заедничка обединета […]

Увид во опожарената фабрика „Макпрогрес-Винчини“ – дел од магацините уште имаат жаришта


Јавен обвинител од Кочани извршува увид по големиот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, при што дел од магацините и натаму имаат жаришта. Обезбедени се видео снимки и е повикан е вештак-електроинженер за дополнителни проверки. Од Обвинителството информираат дека увидните дејствија ќе продолжат и во наредните денови. За заштита на плинската станица, која не беше […]

Макпрогрес: Фабриката ќе ја обновиме, вработените ќе ги прераспоредиме со цел да ги задржиме на работа


 Менаџментот на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, каде во пожар изгореа два магацина и еден производствен погон, преку соопштение до јавноста им се заблагодарија на сите кои учествувале во гаснењето на пожарот и порачаа дека фабриката ќе биде обновена, а вработените кои физички ги изгубиле работните места, ќе бидат задржани.  – Фабриката Винчини ќе ја обновиме, […]

Како до конкурентни производи: Прва Лидерска конференција за пристап до финансии за мали и средни претпријатија


Фондацијата Прогресив Академија, како дел од компанијата „Макпрогрес – Виничини“, беше организатор на првата Лидерска конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“ што денеска се одржа во Виница. Партнерска поддршка во одржувањето на настанот даде и Стопанската комора на Македонија, а целта е тој да прерасне во платформа за вмрежување, учење […]

„Макпрогрес“ до 2030 година ќе инвестира 16 милиони евра во нови капацитети и иновативни производи


Компанијата „Макпрогрес“ со новиот развоен план планира до 2030 година да инвестира 16 милион евра во развој на нови капацитети и иновативни производи. Со планот за инвестиции во последните осум години се вложени 16 милиони евра. „Ќе очекуваме и понатаму поддршка од државата, особено според Законот за инвестицвии, бидејќи тоа е мотивација плус, за да […]

Цветанов: Цената на енергијата стана пресудна, компаниите се на пат кон пропаста


Првиот човек на винички „Макпрогрес“, Глигор Цветанов, денеска побара од сите одговорни во државата да најдат начин и да им помогнат на фирмите кои се соочуваат со колапс поради енормното зголемување на цените на електричната енергија. Компаниите се веќе на пат кон пропаста, предупредува извршниот директор на оваа позната македонска компанија. „Ве молам, направете консензус, […]