За една година 17 нови членки на Македонско-германското стопанско здружение, сега се 153


Македонско-Германското стопанско здружение го одржа 23-то редовно годишно собрание на кое присуствуваа 70 претставници на компаниите членови. Герт Рабов, директор на Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение информираше дека во текот на 2022 година беа организирани 35 работни настани. Измината година се зголеми бројот […]