Во Солун средба на бизнис делегации од Северна Македонија и Грција
Можностите за проширување, продлабочување и зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Грција, ќе ги разгледаат бизнис делегациите на двете земји на утрешната средба во Трговско-индустриската комора во Солун (ЕВЕТ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕВЕТ соопштија дека ќе бидат домаќини на бизнис-делегација од 30 бизниси предводени од претседателот на Стопанската комора […]