СЗО: Мајмунските сипаници повеќе не се глобална закана
Светската здравствена организација соопшти дека мајмунските сипаници повеќе не претставуваат глобална „здравствена вонредна состојба“, ставајќи крај на речиси една година тревога поради вирусната болест, со потврдени случаи во повеќе од сто земји. Организацијата во јули 2022 година ги прогласи мајмунските сипаници за меѓународна итна здравствена состојба и ја поддржа својата позиција во ноември и февруари. […]