„Мајкрософт“ за еден ден ја зголеми пазарна вредност за 483 милијарди долари
Акциите на „Мајкрософт“ го забележаа најголемиот еднодневен раст од 2008 година, откако деловните резултати на компанијата и силната експанзија на облачниот сегмент ги надминаа очекувањата на инвеститорите. Пазарната вредност на американскиот технолошки гигант се зголеми за дури 483 милијарди долари за само еден ден, што претставува еден од најголемите дневни скокови во историјата на берзата. […]