МААЕ: Проектил погоди објект во близина на нуклеарната централа „Бушер“ во Иран


 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска потврди дека зграда лоцирана на само 350 метри од нуклеарниот реактор во централата „Бушер“ во Иран била погодена и целосно уништена од ракета, но нагласи дека самиот реактор останал неоштетен. Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, соопшти дека при нападот нема повредени меѓу персоналот на централата и дека […]

МААЕ потврди штета на иранската нуклеарна централа во Натанц


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека неодамна дошло до оштетување на влезните згради во иранската подземна нуклеарна централа во Натанц, додавајќи дека не очекува никакви радиолошки последици или дополнително влијание во самата постројка. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека „нема индиции“ за оштетување на иранските нуклеарни постројки. – Немаме индиции […]

Првиот човек на МААЕ, Рафаел Гроси, се гледа како нов генерален секретар на ОН


Рафаел Гроси, актуелниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), има планови да ја зголеми ефикасноста на Обединетите нации во случај да биде избран за следен генерален секретар на ОН од почетокот на 2027 година, јавува ДПА. Во коментар за неделното издание на италијанскиот весник „Ла Република“, 64-годишниот Аргентинец рече дека не сака да […]

МААЕ: Нуклеарната централа во Запорожје не е опасна за околината и покрај прекинот на електричната енергија


Нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е окупирана од руската армија, не претставува непосредна опасност додека работи со помош на резервни генератори, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси. „Најголемата европска нуклеарна централа е без надворешна електрична енергија најмалку една недела, што е убедливо најдолгиот ваков настан во повеќе од […]

Гроси: Соработката на Иран со МААЕ е обврска на официјален Техеран


 Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека соработката на Иран со оваа организација е обврска. „Соработката на Иран со МААЕ во врска со неговата нуклеарна програма останува обврска за иранските власти“, рече Гроси во интервју за француската државна телевизија Франс 2 откако иранскиот Парламент вчета гласаше […]

Иранскиот парламент го одобри законот за суспензија на соработката со МААЕ


Иранскиот парламент денеска го одобри законот за суспензија на соработката со нуклеарното надзорно тело на Обединетите нации-МААЕ, објави иранскиот Нурњуз. Британските медиуми наведуваат дека сега останува уште Врховниот совет за национална безбедност на земјата да даде конечно одобрение за овој потег. Како што претходно беше објавено, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека лоцирала […]

Утре вонреден состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија поради нападите на САД врз иранските објекти


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Маријано Гроси, денеска објави дека ќе свика вонреден состанок на Одборот на гувернери на МААЕ утре во 10 часот во седиштето на агенцијата во ОН во Виена поради „вонредната ситуација“ во Иран „по најновите напади врз нуклеарните објекти“, се вели на веб-страницата на организацијата. -Со […]

МААЕ: Сè уште не може да се процени штетата под земја во Фордо


Иако е јасно дека американските воздушни напади во текот на ноќта го погодија иранскиот објект за збогатување ураниум во Фордо, подземен објект закопан длабоко во планината, сè уште не е можно да се процени штетата под земја, изјави денеска за Си-Ен-Ен директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Инспекторите на МААЕ, предводени […]

МААЕ предупредува на ризик од нуклеарен инцидент во Украина поради руските напади


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси вчера предупреди на постоечкиот ризик од нуклеарен инцидент во Украина по неодамнешниот пораст на руските воздушни напади. – Јасно е дека опасностите за нуклеарната безбедност продолжуваат да бидат многу реални и секогаш присутни. Моите тимови известуваат дека ова беше најинтензивниот ден со аларми за воздушни […]

МААЕ: Се уште не се исполнети условите за обнова на работата на нуклеарната централа Запорожје


Во моментов не постојат услови за обнова на работата на нуклеарната централа Запорожје поради недостиг на вода за ладење и стабилно снабдување со електрична енергија, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Во интервју за Ројтерс, дадено од Киев, Гроси изјави дека водата за нуклеарната централа Запорожје, која во […]

МААЕ: Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството по руските напади


Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството на електрична енергија по најновите напади врз енергетската инфраструктура, што дополнително ја зголеми заканата за нуклеарната безбедност на земјата, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Мариано Гроси. „По вторпат за помалку од две недели, електраните „Хмелницки“, „Ривне“ и во Јужноукраинската централа […]

Шефот на МААЕ патува за Киев поради стравувањата за нуклеарната централа Запорожје


 Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, утре повторно ќе отпатува за Киев. Тој ќе ја посети и нуклеарната централа Запорожје во југоисточниот дел на земјата, соопшти МААЕ денеска во Виена. Најголемата нуклеарна централа во Европа е контролирана и окупирана од Русија од 2022 година. Објектот беше цел на повеќекратни напади и […]

Лани во светот имало 168 пријави за загуба или кражба на радиоактивен материјал


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) апелира за подобра заштита на радиоактивниот материјал за време на транспортот, бидејќи се евидентирани голем број загуби или кражби. Минатата година, 31 земја пријавиле вкупно 168 случаи на кражба или губење на радиоактивен материјал. Ова го соопшти МААЕ во понеделникот, на почетокот на конференцијата за нуклеарна безбедност во Виена. […]

МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје во Украина не била директно загрозена од нападот со дрон, што предизвика експлозијата. Но, МААЕ потенцира дека Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба. МААЕ соопшти дека експлозијата се случила во тренинг центарот до електраната и дека добиле информација дека причината е […]

Гроси: Нуклеарната енергија не е утопија


Нуклеарната енергија е безбеден и профитабилен извор на енергија, а не утопија, изјави денеска директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Претставници на околу 30 земји, меѓу кои Кина, Соединетите Американски Држави и Бразил, учествуваа денеска на самит во Брисел, на иницијатива на МААЕ и со цел побрз координиран развој на нуклеарната […]

МААЕ: Иран дополнително ги зголемува своите вкупни резерви на ураниум


Иран дополнително ги зголеми своите вкупни залихи ураниум, се вели во извештајот на Агенцијата за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ), пренесе Бета. Доверливиот извештај укажува дека владата во Техеран продолжува да спречува неколку од најискусните инспектори на МААЕ да ја надгледуваат иранската нуклеарна програма. Техеран, се додава, сè уште нема напредок во објаснувањето на […]

МААЕ се сомнева дека Северна Кореја има нов потенцијален извор на плутониум


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека реактор во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон изгледа за првпат користи нуклеарно гориво, што би значело дека Северна Кореја има нов потенцијален извор на плутониум за нејзиното нуклеарно оружје. Северна Кореја со години користи истрошено гориво од нуклеарниот реактор во Јонгбјон за производство на плутониум за својата нуклеарна […]

МААЕ се уште нема пристап до покривот на нуклеарката во Запорожје


Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и натаму чекаат да добијат пристап до покривот на нуклеарната централа во Запорожје, што е заземена од руските сили, јави ДПА. Специјалистите на МАЕЕ претходно неделава извршија дополнителни инспекции на централата и открија дека „нема видливи индикации за експлозиви или мини“, се наведува во извештајот на МААЕ […]

МААЕ бара поголем пристап до нуклеарната централа Запорожје


Шефот на нуклеарната агенција на Обединетите нации, Рафаел Гроси, денеска изјави дека се обидува да добие пристап до покривот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, откако Украина и Русија повторно се обвинија меѓусебно за планирање напади. Русите им дадоа на официјални лица на МААЕ само ограничен пристап до нуклеарната централа што Москва ја окупираше на […]