Децентрализирани и дигитализирани општини се одржливи


Држава која сака одржлив развој и квалитетни услуги мора да биде децентрализирана и дигитализирана, беше речено на денешната Конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“. Министерот за локална самоуправа Златко Перински посочи дека измените на Законот за локална самоуправа, кој повеќе од две децении не […]

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа на Комисијата за локална самоуправа


Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа во второ читање е на дневен ред на собраниската Комисија за локална самоуправа. Со  измените се предлага преку референдум отповикување на градоначалник и воведување на т.н. комунална полиција на ниво на општина. Клучните измени се однесуваат на транспаретноста и отчетноста на градоначалниците, советите и службите […]

Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на матичната собраниска Комисија


Предлог-измените на Законот за локална самоуправа со кои меѓу другото се предвидува преку референдум отповикување на градоначалник и воведување на т.н. комунална полиција на ниво на општина денеска го поминаа собранискиот филтер на матичната Комисија за локална самоуправа.  Министерот за локална самоуправа Златко Перински посочи дека измените се направени низ инклузивен процес, а во изработката […]

На вториот јавен повик досега се пријавени околу 400 проекти од 51 локална самоуправа


На вториот јавен повик за општините досега се пријавени околу 400 проекти од 51 општина, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.   -Таму е одлично сега засега состојбата. Повеќе од 338- 340 проекти се стигнати од 51 општина. Очекуваме таа бројка да натфрли 400. зошто не и 450. Во првиот повик имавме проекти во вкупна вредност од […]

Од 2021-2023 секој жител платил по 1.426 денари за данок на имот: Анализа на „Фајнанс тинк“ за самоодржливоста на општините


Во периодот 2021-2023, секој жител во просек платил по 1.426 денари врз основа на данок на имот, покажува анализата на Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think), за тоа колкава е самоодржливоста на единиците на локалната самоуправа. Според студијата, во овој период (2021-2023) дошло до значајно зголемување на износот за данок на […]

Потребни се унапредувања на Законот за локална самоуправа – ќе се бара поголема одговорност за комуналните дејности


Во Владата на Северна Македонија се одржа настан со кој почнува процесот на темелна анализа со цел унапредување на Законот за локалната самоуправа.   Настанот беше организиран во соработка со Министерството за локална самоуправа, УНДП и Амбасадата на Швајцарија, со учество на експерти од областа.   Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање посочи дека Законот […]

Се најавува нов закон за локална самоуправа со можност да се отповика градоначалник и да се воведе комунална полиција


Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински.  Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници […]

(Во живо) Мицкоски и Перински за повикот за доделување 250 милиони евра на општините


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински одржува  прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Влада.

Мицкоски очекува сите пратеници да гласаат за законот за локална самоуправа


Мандатарот за формирање влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за измените на Законот за локална самоуправа со кои се предвидува да нема предвремени избори во општините чии градоначалници ќе преминат во извршната власт, рече дека очекува безусловна поддршка од сите политички партии да дадат безусловна поддршка. Посочи дека иако […]

Секој четврти граѓанин воочува или се сомнева на корупција во работењето на локалната самоуправа


Секој четврти граѓанин воочува или се сомнева на корупција во работењето на локалната самоуправа, но, редовното истражување покажа и дека има тенденција на зголемување на незадоволството на граѓаните од услугите на општините и работата на гардоначалниците, рече денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Тој на денешниот панел „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ […]

Пенов на местото на Милевски како министер за локална самоуправа


Либерално демократската партија ЛДП официјално го предложи поранешниот градоначалник на Скопје Ристо Пенов, за нов министер за локална самоуправа, откако досегашниот лидер на партијата и министер, Горан Милевски, поднесе оставка на функцијата. – ЛДП се заблагодарува на успешната работа на Милевски и го предложува Пенов за нов министер за локална самоуправа. Централниот одбор на ЛДП […]