Три интервенции на кумановските пожарникари изминатово деноноќие


Кумановските пожарникари имале три интервенции во изминатото деноноќие. Горела шума над липковското село Руница, гаража во Куманово, како и покрив на семејна куќа во липковското село Лојане, соопштија денеска од РЦУК Куманово. Повикувајќи се на известувањето на службеници од граничната полиција од Белановце, од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираат дека пожарот на стеблеста шума […]

Државјанин на Конго пронајден мртов во кумановско Лојане


Државјанин на Република Конго е пронајден мртов во дворно место на верски објект во липковското село Лојане, соопшти денеска кумановската полиција. Лекар констатирал смрт без насилство на телото на починатото лице. – Вчера во 06:00 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во дворно место на верски објект во село Лојане било пронајдено починато лице-мигрант. Лекар […]