Вучиќ ја прозва СПС за протестите против литиумот. Дачиќ: Не правиме ништо против претседателот


Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека партијата не учествува, ниту ќе учествува додека е тој на чело на партијата, во какви било активности или операции против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и актуелната власт, затоа што со тоа би работеле против себе и заедничките цели. Вучиќ претходно изјави дека на […]

Во Белград на 10 август е закажан голем протест против ископот на литиум


 Голем протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август, најавија „Еко стража“ и организацијата „Не го даваме Јадар“, а во организација на еколошките здруженија протести против отворањето на рудниците за литиум се закажани и во повеќе од десет градови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Големиот протест против […]

Продолжуваат протестите низ Србија против намерите за ископ на литиум


Во Србија и денеска продолжуваат протрестите против намерите за ископ на литиум, и според медиумите најавени се протести во Краљево, Шабац, Аранѓеловац и Љиг. Во вторник ќе има протести во Косјериќ и Младеновац. Во изминативе денови протести имаше во Ваљево Лозница, Гроцка, Прељина, Коцељева и Неготин. Протестите се интензивираа откако Владата на Србија ја усвои […]

Досега во Србија се издадени 69 решенија за истражување литиум


 Во Србија од 2003 година, заклучно со 2024 година, се издадени 69 решенија поврзани со истражување на литиум и сродни елементи, објави  Данас. Во тој период издадени се 441 решение за истражување други метали. Вкупно 138 компании добиле одобренија за истражување на метал во Србија. За литиум, првото решение и е издадено на компанијата „Рио […]

Србија и ЕУ потпишаа Меморандум за разбирање за минералните суровини


ЕУ и Србија денеска во Белград потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила.  Меморандумот за разбирање беше потпишан во Палатата на Србија во рамки на Самитот за критични суровини во Белград од страна на српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и […]

ФТ: Србија им ветила литиум на европските производители на автомобили


Србија ветила дека нема да продава литиум на кинеските производители на автомобили и дека кога ќе развие едно од најголемите наоѓалишта на тој метал во светот, предност ќе имаат европските автомобилски компании како Мерцедес-Бенц, Фолксваген и Стелантис, пренесе Бета пишување на ФТ. Како што пишува Фајненшл тајмс, српскиот претседател Александар Вучиќ се обврзал на ова […]

Вучиќ: Нема да има ископ на литиум без целосна заштита на човечките животи и животната средина


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека без целосна заштита на човечкиот живот и природата нема да има ископ на литиум во Западна Србија, во околината на Лозница. На Самитот за стратешки суровини во Белград, тој рече дека знае оти проектот за ископ на литиум, кој треба да го спроведе компанијата Рио Тинто, нема да […]

Шолц в петок во Белград, ЕУ и Србија ќе потпишат договор за увоз на минерали, вклучително и литиум


Германскиот канцелар Олаф Шолц в петок ќе отпатува за Белград за да присуствува на потпишувањето на договорот меѓу Европската унија и Србија за увоз на минерали, вклучително и литиум, кои се клучни за дигиталната и зелената транзиција на Унијата, пишува порталот „Политико/еу“. „Политико“ на 17 јули објави дека таа информација ја потврдиле три анонимни извори […]

Литиумот ги носи Шолц и Шефчович во Србија


Германскиот канцелар Олаф Шолц и потпретседателот на Европската комисија за енергетика, Марош Шефчович, доаѓаат во Србија на 19 јули каде ќе имаат средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, јави ТВ Н1. Темата на средбата е ископот на литиум. Новинарот на FAZ, Мајкл Мартенс, вчера на социјалната мрежа Х објави дека темата е литиумот за германската […]

Вучиќ тврди: Рудник за литиум кај Лозница најрано за четири години, ако ЕУ гарантира заштита на животната средина


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека подземен рудник за литиум кај Лозница може да биде отворен најрано за четири години, но со гаранции од ЕУ дека животната средина ќе се зачува, јави Бета. „Веруваме дека рудникот не би загрозил никого и ништо, но прво да добиеме гаранции од Европа дека животната средина и животот на […]

Вучевиќ: Литиумот е геополитичка предност на Србија, несериозно е да се пропушти шансата


Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека е несериозно и неодговорно да се пропушти шансата за експлоатација на литиум и дека  тој е геополитичка предност за земјата, бидејќи како што наведе, не е исто да се разговара со Србија без и со литиум, јави дописникот на МИА од Белград. -Рударството е нераскинливо поврзано со развојот на […]

Уставниот суд на Србија официјално ја укина одлуката на Владата за забрана за ископ на литиум


 Уставниот суд на Србија денеска ја соопшти официјалната одлука со која ја укина владината уредба и ја стави вон сила забраната за истражување и ископ на литиум во долината Јадар кај Лозница, со што повторно се отвори патот на компанијата „Рио Тинто“ во Србија за реализација на проектот за експлоатација на минералот јадарит „Јадар“, јави […]

ПроГлас: Се спротивставуваме на проектот Јадар и ископувањето на литиум во Србија


По вчерашната најава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе отвори дијалог за ископување на литиумот, каде ќе доминираат аргументите наведувајќи дека сака одлуката за тој проект да ја донесат граѓаните на Србија, се огласи Иницијативата ПроГлас која е против реализација на проектот Јадар за литиумот додека во Србија не се воспостават услови за вистински […]

„Браселс Тајмс“: Сагата за српскиот литиум е знак дека Белград не се откажал од патот кон ЕУ


Планот на Србија за отворање рудник за литиум претставува повеќе од енергетска транзиција бидејќи може да и помогне на земјата да се приближи до членството во ЕУ, пишува „Браселс Тајмс“. Србија сака да биде еден од најголемите добавувачи на литиум во Европа и го оживува „контроверзниот рударски проект што беше одложен“ за да ги оствари […]

Ноје Цирхер Цајтунг: Проектот Рио Тинто само спиеше, ниту Вучиќ ниту ЕУ не се откажуваат од литиумот во Србија


Во Србија се наѕира она од што се плашеа противниците на експлоатацијата на литиум – дека ветувањето на владата дека ќе престане со истражување во долината Јадар е предизборен маневар и дека проектот за кој е заинтересирана и Европската унија само привремено мирува, пишува Ноје Цирхер Цајтунг (НЦЦ). Швајцарскиот весник пишува дека претседателот на Србија, […]

Во Србија повторно се размислува за отворање на рудникот за литиум Рио Тинто


Откако Владата на Србија пред две години по големите протести ги откажа сите договори и ги прекина подготовките за пуштање во употреба на рудникот за литиум во Рио Тинто, сега претседателот Александар Вучиќ се подготвува да даде зелено светло за реализација на проектот. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за „Фајненшл тајмс“ дека „новите гаранции“ од […]

И Чиле ќе заработува од литиум – компаниите заинтересирани за екстракција


Чилеанската државна рударска компанија „Енами“ соопшти дека интересот од потенцијалните партнери за проектот за екстракција на литиум е силен, откако ги објави првите резултати од кампањата за дупчење вредна 10,5 милиони долари. Компанијата истакнува дека според тие студии, примероците на солена вода во наоѓалиштето Агилар покажале просечна концентрација од 740 милиграми литиум на литар, објави […]

Цената на литиумот падна за 75%, а електричните автомобили сѐ уште се прескапи


Една од највредните „стоки“, не само во автомобилската индустрија, годинава бележи постојан пад на цените. Цените на литиумот паднаа за повеќе од три четвртини во споредба со минатата година и може да се очекува дополнително да опаѓаат. Долгорочно, пониските цени може позитивно да се одразат на намалување на цените за електричните автомобили! Литиумот е суштински […]

Американскиот нафтен гигант „Ексон“ започнува со производство на литиум


Американскиот нафтен гигант Exxon Mobil објави дека ќе започне со ископување на литиум во САД во 2027 година за да ги обезбеди резервите на клучниот метал што се користи во батериите и електрониката на електричните автомобили. Компанијата ќе извлече литиум од солените подземни води во државата Арканзас, позната по значајните наоѓалишта на литиум, за да […]

Во светот моментално има 101 рудник за литиум, светот зависи од Кина


  Во светот моментално има 101 рудник за литиум, а најголемата зависност е од кинеското производство. Светот може да се соочи со недостиг на литиум бидејќи побарувачката за металот расте, а некои аналитичари предвидуваат дека тоа би можело да се случи веќе во 2025 година. Други предвидуваат дека недостигот може да се продолжи. БМИ, истражувачка […]