Лихвар од Штип за дадени 33.000 денари барал да му вратат 300.000
Полицијата поднесе кривични пријави против Е.Ј.(35) од Штип, со престојување во Радовиш, поради сомнение дека сторил кривични дела „Уцена“ и „Лихварство“. Во текот на 2022 година и почетокот на 2023 година осомничениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба на повеќе граѓани од Радовиш, неовластено им давал пари на заем со устен договор, а при тоа договарал […]