Почна реконструкцијата на улица „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај


Општина Центар започна со реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“ во должина од над 600 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во моментов се реализираат првата и втората фаза од реконструкцијата, на делот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Наум Наумовски Борче“. На овој потег воведен […]

(Фото) Урнато дрво го попречува сообраќајот на Ленинова кај Хемпро


Сообраќајот кај кружниот тек помеѓу улиците Ленинова (Аминта Трети) и Орце Николов (кај Хемпро) предпладнево е делумно во прекин поради паднато дрво.  Една од липите на тротоарот речиси целосно се урна врз коловозната лента во правец на Илинденска и го блокираше коловозот. За среќа, нема штети врз автомобили или врз околните дуќани.  Во моментов, просторот […]

Улицата „Ленинова“, од денеска, реновирана и проодна


Улицата „Ленинова“ го доби финалниот лик, модерно уредена со многу зеленило, велосипедски патеки и паркинзи за станарите. Општина Центар по неколку месечната реконструкција денеска и официјално ја промовира една од главните сообраќајници во општината. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека „Ленинова“ по реконструкцијата доби европски лик. „Во изминатиот период на „Ленинова“ се работеше […]

„На точак“ со реакција за „Ленинова“: Мал простор за пешаци и бехатонска подлога за велосипедска патека?


Од иницијативата „На точак“ реагираат дека е оставен мал простор за пешаците на улицата „Ленинова“ во Центар, но и дека се поставува бехатонска подлога за велосипедска патека.  – Деновиве се поставува подлогата при реконструкцијата на ул. „Ленинова“ во Општина Центар. Бидејќи планот за оваа улица не беше јавно споделен, сите погодуваме каков ќе биде крајниот […]

Без вода дел од ул. „Ленинова“


 Поради водоводен приклучок ф 80мм на ул. „Ленинова“ бр 66 во Скопје, изутрина од 08.30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Ленинова“ на потег од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до ул.„Никола Тримпале“. Како што најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на интервенцијата.

Каблите на „Ленинова“ ќе бидат подземни, за да не се испреплетуваат во крошните на дрвјата


 Градежните зафати на улицата „Ленинова“ течат со интензивна динамика. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид при поставувањето на атмосферската канализација која досега не постоеше. -Во моментов за првпат се поставува атмосферска канализација во должина од 516 метри која досега улицата „Ленинова“ ја немаше и поради која често имаше поплави. По ова ќе […]

Раскопани „Ленинова“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“


Во центарот на Скопје две улици, кои заслужуваа реконструкција, се раскопани, а на нив интензивно се работи. Имнео, вчера почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митролополит Теодосиј Гологанов“, а тоа го прави Општина Центар. Како што информираат од Општина Центар, со реконструкцијата се предвидува да се […]

Утре започнува реконструкцијата на „Ленинова“


Утре, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“. Со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациона мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела […]

(Фото) Падна дрво на Ленинова, оштетени две возила


Две возила се оштетени откако врз нив попладнево на улица Ленинова (Аминта Трети) во Скопје, падна половина дрво – липа. Двете возила се оштетени, но за среќа нема повредени. Паднато дрво оштети и кабли од околните бандери.   Станарите од соседните згради велат дека слушнале силен звук на кршење на дрво, а потоа и удар […]