Одржан инклузивен саем за прифаќање и разбирање – учениците можеа да ја доживеат реалноста на своите врсници со оштетен вид


Денеска во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, се одржа инклузивен саем посветен на прифаќање и разбирање. Како што информираа од Општина Аеродром преку социјалните мрежи, учениците преку активности како одење со бел стап, куцање на брајова машина и тактилни […]

Екочас во ОУ „Лазо Ангеловски“ во рамки на акцијата „Генералка викенд“


Ученици во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска имаа екочас во рамки на големата национална кампања „Генералка викенд“, чија цел е подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина. Во екоакцијата, поддржана од Општина Аеродром, со практични активности и разновидни игри и експерименти тие покажаа како може да се искористат природните ресурси […]

Јаневска: МОН бара најсоодветно решение за проблематичниот ученик од „Лазо Ангеловски“


Министерката за образование Весна Јаневска, вели дека од МОН нема писмо до ОУ „Лазо Ангеловски“ за наводно испишување на проблематичниот тредоодделенец, за да биде запишан во училиште во друга општина. Таа кажа дека МОН бара решение за проблемот. -Информацијата не е точна дека има такво писмо од МОН. Прашање дали детето е проблематично или системот […]

Јаневска: Случајот со третоодделенецот од „Лазо Ангеловски“ сè уште не е комплетно решен


Случајот со третоодделенецот од ОУ „Лазо Англеовски“ сѐ уште не е комплетно решен бидејќи постојат одредени пречки, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според неа, откако во овој случај интервенирале од министерството, состојбите веќе се средуваат. „Социјалната служба проактивно работи“, рече Јаневска денеска одговарајќи на новинарски прашања. Во однос на пропуштените часови што […]

Проблематичниот ученик од ООУ „Лазо Ангеловски“ онлајн – останатите во училишните клупи


Проблематичниот ученик од трето одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската Општина Аеродром ќе следи онлајн настава до крајот на првото полугодие. Во меѓувреме надлежните образовни и социјални органи ќе извршат соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Бојкотот на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ е прекинат и децата од вторник […]

МОН предложи проблематичниот ученик да се врати на настава со скратено време, Советот на родители не прифати


Проблематичниот третоодделенец да се врати на настава во „Лазо Ангеловски“, но со скратено време на престој, од половина час, час, а понатаму, кога ќе се интегрира во училиштето, да посетува настава. За родителите веќе е изречена мерка за зголемен родителски надзор од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Исто така, наложено е за детето […]

Формирана интердисциплинарна комисија за случајот со ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“


Формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 октомври“. Комисијата ќе треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.  – Министерството за образование […]

Уште трае состaнокот во МОН каде се решава за проблемот со третоодделенецот од „Лазо Ангеловски“


Сѐ уште трае состанокот во МОН со претставници од Општина Аеродром под чии ингеренции е училиштето „Лазо Ангеловски“, каде денеска учениците не се појавија на настава по бојкотот за кој Советот на родители на вчерашната вонредна седница донесе одлука, откако проблематичниот третоодделенец беше вратен во одделението. За вечер повторно е закажана вонредна седница на Советот […]

„Лазо Ангеловски“ осамна без ученици и со транспаренти за поддршка на третоодделенецот


  Повеќе од 1.500 ученици денеска не се појавија на настава во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, по одлуката на Советот на родители за бојкот додека не се реши проблемот со насилниот третоодделенец, но училиштето осамна со транспаренти за поддршка на ученикот.  „Издржи мали, со тебе сме!“ пишува на едниот транспарент распнат на оградата […]

Од утре, бојкот на наставата во „Лазо Ангеловски“ – над 1.500 ученици ќе останат дома


Да се бојкотира наставата, односно ниту еден ученик да не оди во училиште од утре до решавање на проблемот со насилниот ученик од трето одделение, одлучи Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ на вечерашната вонредна седница. – Овие денови постојано се вперува прстот кон „Лазо Ангеловски“ и локалните служби на оваа образовна институција. Нели […]

ООУ „Лазо Ангеловски“ доби енергетски ефикасно ЛЕД осветлување


Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, доби целосно ново лед-осветлување. Станува збор за инвестиција во вредност од околу 50.000 евра, реализирана од Општина Аеродром со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. Проектот беше спроведен низ транспарентен процес и повеќе форумски сесии, во […]

Секој понеделник во училиштата во Аеродром ќе се интонира македонската химна


Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст, најави градоначалникот Тимчо Муцунски.   – Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство […]

ООУ „Лазо Ангеловски“ доби лифт


Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, добива нов пристапен лифт наменет за учениците со попреченост, со што се финализира уште еден важен циклус на инвестиции со кои ова училиште станува целосно инклузивно, со еднаков пристап за сите ученици. Градоначалникот Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил напиша […]

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште


ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија. Со уште една инвестиција во основното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска се затвори инвестицискиот циклус и се обезбедија содржини кои овозможуваат целосно инклузивна настава за учениците со попреченост. Компанијата „Кроација Осигурување“ во соработка со Општина Аеродром донираше средства со кои целосно се опреми сензорната […]

Еко модна ревија за дочек на пролетта во ООУ „Лазо Ангеловски“


Учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ беа домаќини на еко модната ревија, на која учествуваа 180 деца од сите училишта во Аеродром. Костими изработени од ќеси за отпад, хартија, стари дискови, картон и друго, храбро носеа денеска децата од аеродромските училишта.  На радост на децата, но и на родителите, наставниците, модната ревија успешно се организира во […]

Форум на граѓани во Општина Аеродром, граѓаните неинформирани – учениците порано дома


Денес во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа првиот од низата форум кои општината Аеродром ги организира со финансиска поддршка и партнерство на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). За да се одржи овој форум на граѓани, учениците од втората смена […]

По дојава за бомба се евакуираат основни училишта во Аеродром


Утрово повторно, дојави за поставени експлозивни направи има во основните училишта во Аеродром. Во моментот се евакуираат ООУ „Лазо Ангеловски“ и „ООУ „Александар Македонски“.  Веројатно има дојави и во други училишта, а полицијата најавува информација подоцна.

Донација од учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ за Турција и Сирија


Дечињата од Аеродром уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело. На иницијатива на ООУ „Лазо Ангеловски”, советот на родители и со силна поддршка на учениците, актуелните и поранешни вработени во училиштето, локалното население изминатите денови во ова основно училиште беше спроведена хуманитарна акција во чии рамки беа собрани донации за настраданите во земјотресот во […]

Погледнете како изгледаше симулациската вежба за евакуација во „Лазо Ангеловски“


Во средата, во  ООУ „Лазо Ангеловски“–Аеродром, беше реализирана симулациска вежба „Евакуација на ученици, персонал и повредени во случај на земјотрес и пожар“. На вежбата учествуваа волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на Град Скопје , ПСОН Аеродром, Противпожарна бригада Скопје, ДПД „Бајрам Мифтари“. Волонтерите заедно со доброволните пожарникари вршеа пребарување, евакуација […]

Симулациска вежба за евакуација при пожар и земјотрес во ООУ „Лазо Ангеловски“


Денеска во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа симулациска вежба за справување и евакуација во услови на пожар и земјотрес на која присуствуваше и градоначалникот Тимчо Муцунски. Станува збор за вежба која ова основно училиште ја организира во соработка со Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада и претставниците на Црвен Крст. Општина Аеродром и во […]