Денеска е Лазарева сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден


Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота. Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. […]