Поранешен претседател на украинскиот парламент убиен во Лавов


Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада и одигра истакната улога во револуцијата на Евромајдан, денеска е убиен во Лавов. Националната полиција претходно соопшти дека еден политичар бил убиен по пукање во западниот украински град. Ирина Херашченко, пратеничка од партијата Европска солидарност, потоа за Киев Индепендент потврди дека жртвата бил Парубиј. – […]

Зеленски вети „конкретен“ одговор по нападот врз Лавов


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „конкретен одговор“ на рускиот ракетен напад врз станбен блок во градот Лавов, во западна Украина, во кој, според ажурираните податоци што ги објави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко, загинаа четири лица, пренесуваат француските медиуми. „Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи“, кажа Зеленски во објавата на […]

Анџелина Џоли снимена во Лавов како бега на сигурно по сирените за тревога


  Покрај заканите од рускиот претседател Владимир Путин дека ќе почне и Трета светска војна, холивудската ѕвезда Анџелина ЏОли замина за Украина и го посети Лавов каде минатата недела во ракетен напад загинаа седуммина. Актерката и позната хуманитарка, како една од најголемите ѕвезди замина во Украина, зафатена од војна, за да пружи поддршка. Сепак, не […]

Силни експлозии во Лавов


  Во Лавов, Украина, утрово се слушале силни експлозии. На западот на градот, пишува Би-би-си, се слушнале најмалку пет експлозии. Не е јасно што се случило. мо на местото на експлозиите се гледа густ, црн чад. Репортерите на Би-би-си виделе проектил во лет. Околу 45 минути пред ударот се слушнале сирените за тревога. Како што […]

Украинските сили тврдат дека собориле руски проектили над Лавов


Гувернерот на воената управа на западна Украина, Максим Козицки, соопшти дека украинската воздушна одбрана соборила руски ракети кои утринава биле истрелани кон Лавов, град во западна Украина. – Утрото на 16 април, руските окупатори истрелаа проектили од авион Су-35 кон регионот Лавов. Украинските единици за противвоздушна одбрана уништија четири крстосувачки ракети, напиша Козицки на социјалните […]

Вечерва нов напад во Лавов, а погоден е резервоар за нафта


Вечерва се случи уште еден напад во Лавов, град во западна Украина, а еден од индустриските капацитети гори, по гранатирањето. Градоначалникот Андриј Садовиј на Твитер објави дека бил погоден резервоарот со нафта. „Станбената инфраструктура не е засегната. Сите служби за итни случаи се на таа локација. „Ве молиме, останете во засолништата пред да се изгаснат […]

Градоначалникот на Лавов: Руските сили извршија воздушен напад врз градот


Лавов, најголемиот град во западна Украина, денеска беше цел на руски воздушен напад, соопшти градоначалникот на градот, кој не даде дополнителни детали за нападот. Градоначалникот Андриј Садовиј рече дека чека информации од воената администрација, во објава на Телеграм. Тој ги повика луѓето да останат во засолништата за воздушни напади и да се воздржат од споделување […]

Во Лавов поставени 109 празни колички за деца


Сто и девет празни  колички за деца беа поставени на главниот плоштад во Лавов во спомен на 109 украински деца убиени од почетокот на руската инвазија. Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј на Твитер напиша: „Празните колички на плоштадот Ринок денеска ги симболизираат животите на малите ангели. Тие сега го бранат украинското небо наместо решителните акции […]

Најмалку три експлозии утрово во Лавов


Најмалку три експлозии се слушнаа во западниот украински град Лавов, околу 6.30 часот по локално време, јави Скај њуз. Украинската телевизија 24 објави кратко видео на Телеграм, каде може да се види како чад се крева над хоризонтот. Градоначалникот на Лавов, Андреј Садовиј потврди дека експлозиите биле во подрачје на аеродромот. Но, тој на Телеграм […]

Војната во Украина дојде на 25 км. од ЕУ, најмалку 35 загинати во напад врз воена база кај Лавов


Медиумите јавуват за повеќе загинати и ранети лица во нападот врз Меѓународниот центар за мир и безбедност во близина на Лавов, во западна Украина, на само 25 километри од границата со ЕУ.  Првично, гувернерот на Лавовската област изјави дека во нападот на воената база на Меѓународниот центар за мир и безбедност загинале девет лица, а […]

Засега нема информации за загинати во нападот на воениот центар кај Лавов


Портпаролот на украинската армија Антон Миронович изјави дека засега нема информации дека некој е убиен во нападот на воениот центар западно од Лавов, пренесува Интерфакс Украина. Овој напад е значаен бидејќи е блиску до Полска и се смета за предупредување до НАТО, кој често ја користи базата како место за обука. Лавов и неговата околина […]

Русија гранатираше воена база во близина на границата со Полска


Осум проектили се истрелани кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност, соопшти регионалната воена управа на Лавов. Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри. Нападот на воената база во близина на Полска дојде откако заменик-министерот за надворешни работи на […]

Франција ја преселува амбасадата од Киев во Лавов


Франција денеска соопшти дека ја преселила својата амбасада во Украина од главниот град Киев во Лавов на западот на земјата. По слична одлука на САД, Канада и Израел, министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан рече дека Франција ја преселила дипломатската мисија поради „ризиците и заканите“ со кои се соочува главниот град на Украина.

Жителите на Лавов советувани да не паничат, редици пред банките за вадење пари


Жителите на Лавов, западна Украина, беа советувани од локалните власти изутринава, да не паничат. Според локалните извештаи, ова следува по рускиот напад врз земјата. Властите во градот им укажаа на граѓаните да ги исклучат светлата и да најдат засолниште, информираше локална телевизија. Тие, исто така, би требало да ги земат со себе поважните документи. Си-Ен-Ен […]