МЖСПП и преку апликација за мобилен ни го покажува (не)квалитетот на воздухот


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот, на кој може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk. – Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, […]

Топлотниот бран лошо влијае врз квалитетот на воздухот во Европа


Топлотниот бран во Европа предизвикува влошување на квалитетот на воздухот, особено во градовите, изјави денеска на прес-конференција во Женева претставникот на Светската метеоролошка организација (СМО), Лоренцо Лабрадор. – Воздухот што не се движи не дозволува да се распрснуваат атмосферските загадувачи, вклучително и штетните честички, рече Лабрадор. Тој посочи дека атмосферските загадувачи го намалуваат квалитетот на воздухот и се штетни за здравјето на луѓето.

Шведска донираше вредна опрема наменета за мерење на квалитетот на воздухот


Денес и официјално на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) му е предадена опремата наменета за мерење на квалитетот на воздухот во вредност од повеќе од 300 илјади евра, обезбедена во рамките на поддршката на Шведска во подобрувањето на квалитетот на воздухот во Северна Македонија. Покрај тоа, Шведска и финансиски ја помогна соработката […]