КСС: Секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш


Конфедерација на слободни синдикати соопшти дека започнува со постапка за прифаќање на понудата за зголемување на платите на административните службеници во рок од 25 до 26 месеци почнувајќи од 01.03.2026 година завршувајќи до 01.03.2028 година, и заедно со линеарното покачување дополнително ќе се покачуваат платите по 8% секоја година. За ова веќе е започаната подготовката […]

КСС нема да учествува на утрешниот протест, смета дека има добар социјален дијалог


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на утрешниот синдикален протест по повод 1 Мај. Смета дека во земјава има добар социјален дијалог и организирано синдикално движење, како и дека проблемите секогаш се решаваат на маса. Според претседателот на КСС, Благоја Ралповски, и без репрезентативни синдикати, на ниво на грански синдикати се разговарало со […]

КСС бара повлекување на Законот за административни службеници, по скратена постапка од собраниска седница


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес се обрати до Претседателот на Собранието, Јован Митрески, со барање за повлекување на точката за Законот за административни службеници, по скратена постапка од дневниот ред на 138-та седница закажана за денес и повика на разумност и соработка, соопштија од КСС. Од КСС посочуваат дека во изминатиот период […]

Со еден Клинички центар долгот беше 6 милиони евра, а денес само Онкологија должи преку 20 милиони евра


Клиничкиот центар брои 36 клиники и има комплетен буџет од околу 9 – 10 милиони евра. Кога беше еден, до 2008 – 2009 година, со еден директор и еден Управен одбор, најголемиот долг изнесуваше околу 6 милиони евра, а сега преку 20 милиони евра долг има само Клиниката за онкологија. Се ставија многу директори, од […]

Kонференција на КСС за „Влијанието на корупцијата и непотизмот врз реформите, платите и капацитетите на јавниот сектор“


Во Скопје денеска ќе се одржи конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС)  на тема „Влијанието на корупцијата и непотизмот врз реформите, платите и капацитетите на јавниот сектор“. Предвидени се два панела, а конференцијата ќе биде отворена од претседателот на КСС, Благоја Ралповски. 

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска пред законодавниот дом го изрази своето незадоволство поради носењето на Предлог-Законот за административни службеници, кој е влезен во собраниска процедура во скратена постапка. Со Предлог-законот за административни службеници, претседателот на КСС Благоја Ралповски вели се изземаат круцијалната права на работникот, вадење на минималната плата, како и непочитување на Законот […]

КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) нема да го потпише Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата, за кој попладнево повторно седница ќе има владиниот Економско-социјален совет. Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција рече дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од […]

КСС бара повлекување на предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи


  Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара да се повлечат предложените закони за плати во јавниот сектор и за работни односи, со кои, според претседателот на КСС Благоја Ралповски, „се ќе биде ограничено и постоењето на синдикатите ќе нема никакво значење“. Наместо усогласување на платите, нагласи Ралповски, добиваме деградирање по сите основи со предлог законите. […]

КСС бара субвенции за струјата во индустриските капацитети и комуналните претпријатија


– Итно да профункционира социјалниот дијалог за да им се помогне на работниците, бизнис секторот и јавно-комуналните претпријатија побезболно да ја пребродат енергетската и економската криза, како и да се субвенционира струјата во индустриските капацитети и комуналните претрпијатија, бара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). КСС предупредува дека последиците од енергетската и економската криза најмногу ќе […]

КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот


Конфедерацијата на слободни синдакти на Македонија (КСС) преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман до пратениците во Собранието, со кој бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот. На денешната прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски, потенцира дека поради непочитување на законите голем број од работниците во период на голема инфлација, […]

КСС избира ново раководство, Ралповски единствен кандидат за уште еден мандат


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски. – Очигледно се задоволни од она што се случуваше во изминатите години. Мислам дека синдикатот го издигнавме на едно повисоко ниво и докажавме дека синдикалното организирање не е мртво, туку напротив го оживеавме […]

КСС утре ќе избира ново раководство, и понатаму бара усогласување на платите со порастот на минималната


 Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) утре на конгрес ќе избира ново раководство, по што ќе биде донесена одлука за чекорите што ќе ги преземе во наредниот период. Синдикатот останува на ставот дека Законот за административни службеници е потценувачки и оти со него ќе нема зголемување на платите, а и понатаму бара усогласување на останатите плати […]

КСС: Ќе ги почитуваме работодавачите и политичките елити колку што тие го почитуваат работникот


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на сите работници им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Оваа синдикална пролет, според КСС, ќе ја одбележи тринеделниот штрајк што го почнаа просветните работници. -На работодавачите и високите политички елити им порачуваме дека работникот во Македонија ќе ги почитува онолку колку што тие го почитуваат работникот, […]

КСС ги прекинува протестите, најавува кривични пријави поради притисоци врз вработените во јавниот сектор


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ги прекинува протестите што најави дека секојдневно ќе ги одржува пред Собранието и Владата барајќи усогласување на платите со минималната плата. Одлуката е донесена по состаноците на Извршниот одбор на синдикатот одржани во текот на вчерашниот и денешниот ден. Причината за слабиот одзив на вчерашниот протест, според КСС, се притисоците […]

КСС го прекина протестот поради притисоци врз администрацијата


Конфедерацијата на слободни синдикати го прекина најавениот протест пред Собранието поради, како што велат, притисоци врз членството. Претседателот на КСС Благоја Ралповски изјави дека денеска на вонреден состанок во Синдикатот ќе се одлучува за следните мерки, односно дали ќе се одржат најавените секојдневни едночасовни протести. Тој за Радио Слободна Европа пред прекинот на најавениот протест […]

КСС од денеска со секојдневни протести ќе бара усогласување на платите со минималната


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од денеска почнува со протести пред Собранието и Владата барајќи усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата. Протестите ќе се одржуваат секој ден од 16 до 17 часот. Синдикатот бара зголемува на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била […]

КСС од утре на протест за усогласување на платите


Од вторник секој ден на протести излегуваат неколку грански синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, кои неисполнетите барања ги доставија до Владата. Како што информираше претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес – конференција пред неколку дена решението е едноставно – зголемување на бодот согласно членот 88 од Законот за административни службеници, од […]

По Велигден протестираат гранските синдикати на КСС


Дел од гранските синдикати при КСС, на одлучија дека доколку до 26 април до 12 часот Владата не се одзива на нивните барања, ќе излезат на улица. Имено, најавуваат секојдневен протест од 16 до 17 часот од Собранието до зградата на Владата. – Денеска повторно дел од гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати, Синдикатото […]

КСС бара од пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која минатата среда излезе на предупредувачки протест пред Владата, е разочарана од односот на Владата бидејќи, според нивни информации, во Собрание веќе е поднесен Предлог-законот за административни службеници по скратена постапка. Ова законско решение, сметаат од КСС, е манипулативно бидејќи со него ќе се зголемат платите на вработените во јавниот […]

Предупредувачки протест на КСС за усогласување на платите со минималната плата


Членови на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) попладнево излегоа на предупредувачки протест пред Собранието и Владата, при што искажаа незадоволство што досега не се усогласени платите со минималната плата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски изјави дека со овој предупредувачки протест повторно му даваат шанса на социјалниот дијалог. Според Ралповски, решението е едноставно, Владата треба да […]