Руските сили со беспилотни летала го нападнаа Кривиј Рог, родниот град на Зеленски


Најмалку пет лица се убиени, а 52 повредени, меѓу кои и шест деца, во руските напади со беспилотни летала врз југоисточниот украински град Кривиј Рог, објави денеска воениот гувернер на регионот Дњепропетровск, Олександр Ханжа, на платформата Телеграм. Меѓу погодените цели е и најголемиот трговски центар во градот. Кривиј Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир […]