Работници од 40 компании пријавиле неправилности при исплата на К-15


За неполни десет дена работници од 40 приватни средни и големи компании пријавиле неправилности при исплатата на К 15. Неправилностите се пријавени до „Гласен Текстилец“. Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ во изјава за МИА посочува дека поради се поголемиот број на пријави во однос на се уште неисплатен и помалку исплатен регрес за годишен одмор, […]

Ампева: Работниците се повеќе информирани за своите работнички права


Се кршат работничките права од страна на работодавачите, но работниците се сѐ повеќе информирани за своите права и правдата ја бараат преку судската власт. Ова е ставот на правниот тим на Здружението „Гласен текстилец“, кој ги анализираше состојбите со работничките права по повод 1 мај- Денот на трудот. Судските постапки вообичаено се парични побарувања за неисплатени […]

Ампева: Ги отпуштија работниците во пандемијата, сега ќе увезуваат


– Нашата земја нема инфраструктура за да увезе странски работници, а работодавците не размислуваа и не ги слушаа нашите совети кога ги бркаа работниците за време на корона кризата, кои се иселија во земјите во ЕУ, вели Кристина Ампева од Гласен Текстилец-Штип, откако претседателот на собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров во интервју за […]

Ампева: Прва победа и пресуда за „Намерно предизвикување на стечај“ во текстилниот сектор


  Штипскиот Основен суд пресуди дека управител на штипската конфекција „Алкон текс“ сторил кривично дело „Намерно предизвикување на стечај“, соопшти на денешната прес-конференција претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип, Кристина Ампева. Пресудата доаѓа две години од протестите на над 30 текстилни работнички и собирање на докази за овој случај. Ампева посочи дека ова е прва ваква победа […]

Ампева: Минималната плата не треба да ја одредува ЕСС, а уште помалку да се даваат државни субвенции за фирмите


Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата не нуди системски решенија, туку само се маскира состојбата, оцени на денешната прес-конференција, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип. Таа смета дека со членовите 1 и 2 во Предлог-законот, зголемувањето на минималната плата ќе зависи само од Економско-социјалниот совет. Ампева побара во преговорите да бидат вклучени и експерти, […]