Министерот за правда ќе ги образложи деталите за Законот за амнестија на брифинг со медиуми


Министерот за правда, Кренар Лога, денеска ќе одржи брифинг со медиуми за сите актуелни теми, а потоа ќе даде и изјава за Предлог законот за амнестија со кој се предвидува растеретување на затворскиот систем. Владата неодамна даде зелено светло за ова законско решение, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави блокада. Најавената амнестија ја разбранува јавноста со тоа […]

Лога: Распуштањето на Судскиот совет ќе оди преку институциите, оглас за нов републички јавен обвинител во септември


Распуштањето на Судскиот совет, останува како можност и тоа ќе се одвива постепено преку институциите на системот и не наеднаш, рече министерот за правда, Кренар Лога во одговорот на новинарско прашање во врска со неговиот став за распуштање на актуелниот состав. – Ставот и можноста за распуштање остануваат. Но тоа нема да биде трауматичен процес, […]

Министерот за правда Кренар Лога се сретна со координаторите на пратеничките групи во Собрание


Наредната недела за прв пат со физичко присуство ќе се одржи седница на Советот за реформи во правосудниот систем на која ќе се рагледува Стратегијата за развој на правосудството 2023-2027. Министерот за правда Кренар Лога упати покана до ВМРО ДПМНЕ да присуствуваат на седницата и да  дадат  забелешки за Стратегијата. На состанокот со координаторите на […]

Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите


Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите, соопштуваат од Министерството за правда, откако министерот Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи. Со измените е предвидено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до […]

Новиот министер за правда, Кренар Лога, најави реформи во правосудството


Денеска во Министерството за правда се изврши примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот министер, Никола Тупанчески и Кренар Лога. Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството за правда. Министерот за правда, Кренар Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот […]