Во Кремљ стравуваат дека војната во Украина влезе во ќор-сокак


  Недостатокот на напредок на фронтот, растечките загуби, сè поуспешните украински напади со дронови и економската криза, придружена со постојани исклучувања на интернетот по барање на безбедносните служби, го принудуваат руското раководство да погледне поотрезвено на војната што ја водат. Нервозата што почна да се појавува во општеството ја делат многу членови на елитата, а […]

Во Кремљ се вовлече страв: Путин се плаши од атентат или државен удар


  Според сеопфатен извештај на европска разузнавачка агенција, чии детали беа ексклузивно објавени од Си-Ен-Ен, рускиот претседател Владимир Путин презел невидени чекори за зајакнување на својата лична безбедност. Она што го прави овој доверлив извештај особено алармантен е нивото на нарушување на приватноста дури и на најдоверливите соработници. Системи за надзор и прислушување наводно сега […]

„Никогаш не бевме пријатели со Орбан“: Кремљ брзо се дистанцира од неговиот сојузник


  Кремљ во вторникот изјави дека е задоволен што новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, се покажа отворен за прагматичен дијалог, додека Москва усвојува пристап „почекај и види“ по поразот на изборите на својот најблизок партнер во Европа, Виктор Орбан. „Засега, со задоволство можеме да ја забележиме, доколку разбираме, неговата  подготвеност да се вклучи во […]

Италијанската мафија и Кремљ формираат смртоносен сојуз: Тајни пратки ја загрозуваат безбедноста на целата ЕУ!


Најмодерното оружје произведено во руските државни фабрики со месеци го наоѓа својот пат до Италија, каде што го презема и складира мафијата. Според миланскиот истражен портал Linkiesta, шверцерските патишта водат низ сицилијанските пристаништа и словенечко-италијанската граница, а потоа оружјето се дистрибуира до магацини во предградијата на големите градови. Според извори од римското криминално подземје, во […]

Кремљ ја обвини Европа за попречување на напорите на Трамп за постигнување мир во Украина


Кремљ соопшти дека европските сили ги попречуваат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мир во Украина, додавајќи дека Русија ќе ги продолжи своите операции во Украина сè додека не види вистински знаци дека Киев е подготвен за мир. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на државните новинари дека „европската воена страна“ продолжува […]

Кремљ: Путин ќе биде главен гостин на парадата во Пекинг


 Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде главен гостин на настаните по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата над милитаристичка Јапонија во Пекинг, вклучувајќи и парада, соопшти денеска помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков. Путин ќе ја посети Кина од 31 август до 3 септември, каде што ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка […]

Кремљ го објави распоредот за средбата меѓу Путин и Трамп на Алјаска


 Кремљ денеска го потврди распоредот за очекуваната средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на Алјаска, со разговори што треба да започнат во петок околу 11:30 часот по локално време (21:30 по македонско време). Војната на Русија против Украина ќе биде главна тема на агендата, изјави советникот за надворешна политика […]

Кремљ: Вежбите на НАТО во Балтикот се подготовка на алијансата за можен воен конфликт со Русија


 Воените вежби на НАТО во Балтичкиот регион се дел од подготовките на алијансата за можен воен конфликт со Русија, изјави заменик-рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко. – Воената активност на НАТО ја оценуваме како дел од подготовките за воени конфликти со Русија, рекол Грушко, пренесе Тас. – Ако го погледнеме фокусот на овие вежби, […]

Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН


Кремљ го прифаќа извинувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ поради грешката при гласањето за „антируската резолуција во Генералното собрание на Обединети нации, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Секако, го слушнавме извинувањето и го прифаќаме. Се случуваат технички грешки и таквата брза реакција на шефот на државата многу не импонира, посочи Песков. […]

Луѓето околу Путин не веруваат дека Украина е вмешана во терористичкиот напад


  Официјални лица блиски до рускиот претседател Владимир Путин не веруваат дека Украина е поврзана со нападот на радикалните исламисти врз концертната сала „Крокус“, пишува Блумберг. Според четири извори блиски до Кремљ, нема докази за вмешаност на Киев во терористичкиот напад и Путин го знае тоа затоа што тој лично присуствувал на дискусиите каде што […]

Кремљ: Секакви мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни


Организирањето на каков било глобален мировен самит за Украина што ја исклучува Русија е едноставно „апсурдно“ и нема да биде успешно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков во интервју за рускиот медиум „Аргументи и факти“ изјави дека Русија ја продолжува својата војна против Украина, која трае повеќе од две години, за да се заштити […]

Кремљ фаќал ИСИС-овци и ги правел соработници


Повеќе од една година руските разузнавачки служби работат во воени услови – многу малку се знае јавно со што се занимавале. Специјалниот дописник на Медуза, Лилија Јапарова и експертот за тероризам Вера Миронова открија дека меѓу другото, Федералната служба за безбедност на земјата (ФСБ) регрутирала поранешни борци на Исламската држава (или ИСИС) и се обидувала […]

Како мајката Људмила го скрши Кремљ за погребот на синот Алексеј Навални


  Збогувањето со Алексеј Навални на 1 март и следните два дена стана историско и неверојатно важно искуство за милиони Руси. Властите се потрудија да го избегнат ова. Користејќи директни закани и уцени, тие инсистираа семејството на Навални да одржи приватна, затворена церемонија. Властите тоа успеаја да го остварат ова во 2023 со погребот на […]

Војната во Украина: Долгата рака на Москва во Германија


  По протерувањето на руските дипломати, Канцеларијата за заштита на Уставот ја регистрира новата шпионска стратегија на Кремљ во Германија и предупредува на опасностите. -Руската војна против Украина значи и пресвртница за внатрешната безбедност, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер, презентирајќи го извештајот на Канцеларијата за заштита на уставот во Берлин за 2022 […]

„Њујорк Тајмс“: Американските разузнавачи веруваат дека нападот со дронови врз Кремљ можеби го извршиле Украинци


Американските разузнавачки агенции не знаат точно кој го извршил нападот со беспилотно летало врз Кремљ во Москва овој месец, но укажуваат дека тој би можел да биде дел од серијата тајни акции со кои управуваат тајните служби на Украина, пишува „Њујорк Тајмс“. Според американски претставници, цитирани од весникот, нападот со два дрона „веројатно бил организиран […]

Подољак: Украина нема никаква врска со нападот со дронови врз Кремљ


Украина „нема никаква врска“ со нападот со дронови врз Кремљ, за кој Москва го обвини Киев, соопшти денеска украинското претседателство. -Се разбира, Украина нема никаква врска со нападите со дронови врз Кремљ, кажа Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претходно, денеска, Русија соопшти дека соборила два украински дрона што биле насочени кон Кремљ, […]

Кремљ: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО


Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО, тоа е заедничко море, таму мора да има неделива безбедност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков. „Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО. Тоа е заедничко море на сите приморски држави и треба да биде море на соработка, интеракција и безбедност. Во […]

Кремљ по налогот за апсење на Путин: „Ова е срамота и неприфатливо“


Русија не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако тоа тело издаде налог за апсење на претседателот на земјата, Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги смета одлуките на судот „ништовни и неважечки“ и дека прашањата што ги поставува судот се „срамота и неприфатливи“. На прашањето […]

„Ја загубивме вистинската војна“: Руските елити скршени по повлекувањето од Херсон


  Серијата порази во војната против Украина, кои кулминираа со предавањето на Херсон, го засенија и онака мрачното расположение на руските „елити“. Додека Кремљ продолжува да верува дека војската може да ја сврти плимата на фронтот, и дека уцената со гас и енергија на крајот ќе ја одземе поддршката на Киев од Западот, во внатрешниот […]

„Дали уште лелекаат“: Пропагандистите на Кремљ егзалтирани од ракетните удари врз Украина


  Русија го засили владеењето на теророт против својот сосед оваа недела, лансирајќи дожд од ракети врз Украина и цивилната инфраструктура во, како што изгледаше, серија неселективни напади. Додека нападите се чинеше дека се лишени од какво било воено значење – не менувајќи ништо на бојното поле, каде што Русија продолжува да губи – образложението […]