МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија „BB+“ со стабилен изглед, испраќајќи јасен сигнал за доверба во економските политики на земјата. Во последниот извештај, „Фич“ истакнува дека кредибилните и конзистентни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и поволните показатели за управување во однос на земјите со сличен рејтинг […]