Регистрирани нови 1.635 случаи на КОВИД-19 од 7.564 тестирани, девет лица починаа
Регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19 од направени 7.564 тестирања во последните 24 часа. Починати се девет лица, сите во болнички услови, а оздравени се 1.276 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи на КОВИД-19, најмногу има во Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47, Кавадарци […]