Австрија го укинува задолжителниот карантин за ковид позитивните без симптоми


Лицата во Австрија кои се заразени со корона вирус во иднина веќе нема да мора да бидат во самоизолација доколку немаат симптоми на болеста, соопштија денеска властите, пренесе ДПА. Австрија од следниот месец го укинува задолжителниот карантин за лицата кои се позитивни на коронавирусот, но не се болни. Заразените сè уште ќе мора да носат […]

Бајден веќе нема никакви симптоми на Ковид, соопшти неговиот лекар


Американскиот претседател Џо Бајден нема речиси никакви симптоми на Ковид-19, откако беше позитивен минатата недела, соопшти денеска неговиот лекар. – Во овој момент, симптомите се затнат нос и минимална болка во грло, рече лекарот на Бајден, доктор р Кевин О’Конор, во соопштение од Белата куќа. Во текот на викендот, болките во телото и кашлицата се намалија, а претседателот немаше потешкотии со дишењето, додаде […]

Доаѓа „Кентаур“, подваријанта на коронавирусот која се шири многу брзо


Виролозите изразија загриженост за појавата на уште еден субваријантен омикрон-сој на новиот коронавирус кој брзо се шири во Индија, а веќе пристигна и во Велика Британија. Предупредувањето дојде откако британските пратеници повикаа на двоен напор за да се убедат речиси три милиони возрасни лица во Англија кои сè уште не примиле ниту една доза од […]

Новата подваријанта на короната „Кентаур“ брзо се шири и ги загрижува виролозите


Виролозите изразија загриженост за појавата на уште една омикронска варијанта која забрзано се шири, а веќе пристигна во Велика Британија. Варијантата БА.2.75 на корона вирусот, која ја нарекоа „Кентаур“, првпат беше откриена во Индија на почетокот на мај. Овде, случаите нагло се зголемија оттогаш, очигледно побрзо од оние на високо преносливата варијанта БА.5, која исто […]

Мик Џегер позитивен на корона, „Ролинг стоунс“ го откажаа концертот во Амстердам


Ролинг Стоунс го одложија денешниот концерт во Амстердам бидејќи пејачот Мик Џегер бил позитивен на корона вирусот, соопшти бендот. – На Ролинг Стоунс им е многу жал за вечерашното одложување, но приоритет е безбедноста на публиката, колегите музичари и придружниот персонал – се наведува во соопштението. pic.twitter.com/77xIYpxIJD — The Rolling Stones (@RollingStones) June 13, 2022 […]

Руски бизнисмен почина од корона: Беше осомничен за труење на Литвиненко


  Дмитриј Ковтун, еден од двајцата Руси кои Британија ги обвини за труење на критичарот на Кремљ, Александар Литвиненко во Лондон, почина од корона. Тој починал во московска болница, јавија медиумите. Литвиненко почина неколку недели по пиењето зелен чај со радиоактивен поломиун-210 во лондонскиот хотел „Милениум“, каде се состанал со Ковтун и уште еден од […]

Оставка на британскиот министер за правда, лорд Дејвид Волфсон, поради скандалот со забавите во локдаунот


Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата. Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност […]

Од 1 мај Грција го укинува сертификатот во внатрешноста на земјата, за патување дополнително ќе се донесе одлука


 Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево […]

Маските паднаа, но короната не е умрена


Од денеска, по цели две години се укина задолжителното носење на заштитна маска од Ковид-19, со исклучок во јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост. Низ маркетите денеска може да се забележи дека дел од потрошувачите и од продавачите носат маски, а […]

Ковид рекордер: По 16 месеци во карантин, конечно негативен на корона вирусот


Турски државјанин поминал 16 месеци во карантин откако постојано бил позитивен на корона вирусот. Станува збор за Музафер Кајасан, кој се лекува од леукемија и кој стана познат по најдолгиот период поминат во карантин заради инфекција со Ковид-19, јавуваат локалните медиуми. Причината поради која 85 пати бил позитивен на тестирањата за корона вирусот, според лекарите, […]

Девет нови симптоми на инфекција со корона


Англија- Aгенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ја ажурираше листата на симптоми кои сега вклучуваат болки во грлото, болки во мускулите и дијареа, пишува BBC. Промената доаѓа повеќе од две години по почетокот на пандемијата и само неколку дена откако беше запрено бесплатното тестирање во Англија. Сепак, агенцијата предупредува дека многу од новите симптоми […]

Кина има најголем број нови корона случаи од почетокот на пандемијата


  Националната здравствена комисија денеска потврди 13.146 инфекции со коронавирус во Кина, најмногу од почетокот на пандемијата. Повеќето случаи, 11.691, се асимптоматски според официјалната статистика. За време на инспекциската посета на Шангај во саботата, кинескиот вицепремиер Сун Чунлан забележа „непоколебливо почитување“ на епидемиолошката стратегија која предвидува брзо воведување полициски час, масовно тестирање и карантин дури […]

Анчелоти позитивен на корона вирус


  Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти заразен е со корона вирус, објави Кралскиот клуб на своите официјални страници. „Нашиот тренер Карло Анчелоти доби позитивен резултат на тестирањето за Ковид-19“, пишува во соопштението од клубот. Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Селта и Виго, а прашање е дали ќе биде […]

Грција ќе ги укине сите рестриктивни мерки до почетокот на летото


  АТИНА – Како што се приближува летото така Грција постепено ќе ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции. Министерот за здравство, Танос Плеврис, во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките. Сепак, Плеврис, […]

Корона вирусот повторно се шири во западна Европа поради „совршена бура“ од три фактори


Бројот на случаи на Ковид-19 повторно се зголемува во Западна Европа поради идеалната комбинација погодна за совршена бура – укинување на мерките за ограничување, слабеење на имунитетот кај населението и нови, позаразни подваријанти на омикрон БА.2, велат експертите. По падот повеќе од еден месец, бројот на случаи низ поголемиот дел од Европа, во Велика Британија, […]

Војната го потисна стравот од короната, луѓето се опуштија. Но пандемијата и натаму трае


  Германија бележи рекорден број на заразени и покрај надежите дека пандемијата полека ќе помине. Дали народот ја потисна короната војната во Украина, па се опушти? Психолозите велат дека тоа не би било невообичаено. Некаде под насловите за војната во Украина, речиси без големо внимание на јавноста, помина веста дека во Германија во последните 24 […]

Бројката на смртни случи стигна до 6 милиони, а пандемијата влезе во третата година


  Официјалниот глобален број на смртни случаи од Ковид-19 е на работ да надмине 6 милиони – што нагласува дека пандемијата, која сега е во својата трета година, е далеку од завршена. Пресвртницата е најновиот трагичен потсетник за непопустливата природа на пандемијата, дури и кога луѓето фрлаат маски, патувањето продолжува и бизнисите повторно се отвораат […]

Им се закануваат на докторите поради вакцините


  Во Австрија има се повеќе закани за лекарите кои се изјаснуваат во корист на вакцинацијата против корона вирусот. „Проблемот е многу голем“, вели потпретседатњлот на Лекарската комора Јоханес Стајнхарт. Тој нагласи дека Комората поради тоа бара доследни мерки, кои би оделе и до полициска заштита за загрозените лекари. Според него, расте бројот на пријави […]

Дали короната протекла од лабораторија: „Сѐ тргна од Антарктикот“


  Раната верзија на Ковид-19, која се чини дека потекнува од лабораторија, е откриена во примероци од кинеска биотехнолошка компанија, пишува Сара Кнаптон, уредник на научната рубрика на британски „Телеграф“. Ова откритие им дава за право на тврдењата дека вирусот можеби настанал како лабораториски експеримент кој случајно протекол. Експертите за биоинформатика од Ветеринарниот универзитет и […]

Рекорден број сериозни случаи на Ковид пријавени во Израел


– Израел регистрираше рекорден број сериозни случаи на Ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата. „Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тешка форма на Ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата“, соопшти Министерството за здравство. Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година – 1.185 такви пациенти. Израелските болници се борат […]