Во пораст колонијата корморани на Голем Град во Преспанското Езеро
Популацијата на големиот корморан (Phalacrocorax carbo) во регионот на Западен Палеарктик бележи различни регионални трендови, но е генерално стабилна и во пораст. Истото важи и за најголемата колонија на големиот корморан во Македонија, на островот Голем Град на Преспанското Езеро, каде што од 2010 до 2025 година гнездечката колонија флуктуира, но во нагорна линија. […]