Азески ќе разговара со Коњановски за развојот на стопанството во битолскиот регион


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ќе реализира работна средба во општина Битола со градоначалникот Тони Коњановски, на која ќе се разговара за активности кои треба да се преземат на локално ниво, за развој на стопанството во битолскиот регион. Патната и гасна инфраструктура, како клучни приоритети во интерес на бизнисите се тема […]

Коњановски најави зголемени цени на услугите на јавните претпријатија во Битола


Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во јавно обраќање поврзано со состојбите и предизвиците на локалните јавни претпријатија најави корекција на цените на услугите на јавните претпријатија. Според градоначалникот Коњановски, потребно е подобрување на рентабилноста и поголема ефикасност во давањето на локалните услуги од страна на претпријатијата. -Темите со јавните претпријатија и нивните состојби честопати се […]

Битола ја изгради, САД ќе ја опреми новата противпожарна зграда


Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, извршија увид во изградбата на новата противпожарна зграда чија втора фаза стартуваше денеска. Објектот во завршната фаза ќе биде опремен со грант на американското Министерство за одбрана кои веќе објави тендер во функција за реализација на новата противпожарна зграда во Битола, информираа од тамошната […]

Битолчани ќе добијат бесплатни WiFi зони


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес оствари работна посета на Општина Битола, каде што оствари средба со градоначалничкот Тони Коњановски, но и ги посети канцелариите на Центарот за услуги (ЕТУ) во Битола. Главна тема на посетата беше унапредувањето на процесот на дигитализација на општинските услуги и интегрирањето на локалните институции преку националната платформа за […]

Коњановски ќе ја гради новата обиколница на Битола со пари од Светска банка


  БИТОЛА – Новата обиколница на Битола во должина од 2,4 километри во индустрискиот дел на градот ќе ја гради битолскиот градоначалник Тони Коњановски, со средства одобрени од Светска банка уште од 2020 година, од времето на екс-градоначалничката Наташа Петровска. После две години, општина Битола направи проект и конечно ќе може да ги искористи средствата […]

Затнатите шахти го „рушат“ мнозинството во Совет на Општина Битола


  БИТОЛА – Своевиден ултиматум денеска преку својата Фејсбук страница јавно упати независната листа „Поинаку“ до локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволството воглавно се однесува, на како што велат, затнатите одводни шахти во градот, кои прават поплави низ улиците во градот после секој летен пороен дожд. „Поинаку“ на последните локални избори во Битола освои три […]

Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи


  БИТОЛА – Почна отстранувањето на гаражите во строгиот центар на Битола, локалната власт ветува уредeни простори и паркиралишта, но жителите се собраа со негодување и побараа сообраќајно решение и проект, па рушење. Станува збор за гаражите зад позната зграда „ЈАТ“, околу седумдесеттина на број, каде општината констатирала дека во најголем дел се нелегални и […]

Коњановски: Добрососедските односи се градат со заемно почитување и признавање, не со провокации


Битола е космополитски, конзулски град, во кој посебно се почитуваат културите, традициите и вредностите на сите народи и треба да биде вистински пример за негување на македонскиот идентитет и култура во сите други земји, каде што живеат Македонци. Добрососедските односи се градат само со меѓусебно почитување и признавање, но никако со индиректни провокации и оживување […]

Градоначалникот на Битола го обвини Министерството за труд за опструкции околу градинките


  Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски (ВМРО-ДПМНЕ), денеска ја обвини владата дека прави опструкции врз локалната самоуправа во неговиот град откако Министерството за труд и социјална политика ги одзеде надлежностите на Општина Битола за управување со установата „Естреја Овадија – Мара“, која во својот состав има 9 градинки. Коњановски вели дека со таа одклука им […]

Мостот кај Безистенот во Битола приемен испит за Тони Коњановски


  БИТОЛА – Реконструкцијата на мостот кај Безистенот во Битола по сѐ изгледа ќе биде „приемен испит“ и проверка на способностите за менаџирање на новиот градоначалник Тони Коњановски. Мостот стар повеќе од еден век стана првата главоболка за новата власт која се соочи со неажурната администрација на локално и централно ниво и незадоволството на граѓаните […]