Обвинителката Наташа Крстевска-Цалева поднесе оставка од местото на Хајрулахи


  По само седум дена откако беше избрана, Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе треба да ја разгледа и констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска-Цалева. Таа на 10 февруари на предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски беше избрана за раководител на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по суспензијата на обвинителот Мустафа Хајрулахи. Изборот […]

Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во писмена изјава дадена по одлуката на Владата да покрене постапка за негово разрешување вели дека секогаш работел согласно закон. – Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. […]

Коцевски најави конкретни резултати во сложени предмети и од областа на финансискиот криминал


Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека во следниот период пред јавноста ќе бидат презентирани конкретни резултати во повеќе сложени предмети и од областа на финансискиот криминал, но и поврзани со тешки кривични дела против животот и телото, на кои јавните обвинители интензивно работеле изминатите месеци. Новодонесеното упатство со кое се дава приоритет на постапките […]

Коцевски бара дисциплинска против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи


Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и еден јавен обвинител. Од Јавното обвинителство информираат дека јавниот обвинител на Северна Македонија ги разгледал записникот и конечниот извештај […]

Коцевски ги задолжил сите јавни обвинители итно да дадат приоритет на кривични дела од областа на корупцијата


Јавното обвинителство на Северна Македонија денеска преку писмено соопштение информира дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи, а особено на ЈО во борбата против корупцијата. – Од тие причини, во рамките на своите надлежности, кои […]

Обвинителите и судиите побараа повеќе пари од буџетот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ им порача дека толку заслужуваат


  Јавното обвинителство и Судскиот совет денеска во Собранието на седница на Комисијата за финансирање и буџет предупредија дека во Предлог-буџетот за 2025 година остануваат со куси ракави, односно не се предвидени средства според законските одредби, на што од пратеникот Бојан Стојановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ добија совет дека толку заслужуваат. „Шокиран сум од излагањата […]

Обвинителот Хајрулахи тврди дека истрагата против него била за да се замолчи и заплаши


  Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата, денеска на прес-конференција пред Обвинителството, обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и замолчи, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно […]

Коцевски: Се постапува по предметот за кривичните пријава за издавањето на личните документи


Јавното обвинителство има формирано предмет во кој се споени три кривични пријави во врска со издавањето на личните документи, по него се постапува професионално, и доколку има или нема кривично дело, ЈО ќе донесе соодветна одлука, изјави јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски. Во интервју за Слободен печат, Коцевски вели дека едната пријава […]

Новиот јавен обвинител Коцевски ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието


Новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. Собранието завчера едногласно со 62 гласа „за“ го избра Коцевски за нов државен јавен обвинител. Коцевски беше предложен како единствен кандидат за нов државен јавен обвинител откако обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни […]

Мислење за Фетаи, Раичевиќ и Коцевски побара Владата по огласот за јавен обвинител


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука да достави писмо до Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, со барање писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно […]