Голем пожар на „Кнез Михајлова“ во Белград, гореше продавницата на „Ваикики“


Големиот пожар што вечерва избувна на улицата „Кнез Михајлова“ во Белград е локализиран, а повредени нема, дознава Танјуг. Полицијата го обезбеди просторот околу местото на настанот, а пожарникарите сè уште се на терен. Од полицијата за Танјуг велат дека околу 19 часот во полиција било пријавено дека избувнал пожар на третиот кат од стопански објект. […]