Клинт Иствуд на 93 години снима нов филм


Холивудскиот ветеран Клинт Иствуд, актер, режисер и продуцент, на 93-годишна возраст се враќа зад камерата како режисер, снимајќи го филмот „Поротник 2“. Филмот се снима во американската држава Џорџија, а во него ќе глумат британскиот актер Николас Холт и австралиската актерка Тони Колет, пренесува People.com. Во филмот ќе се појават и канадската ѕвезда Кифер Сатерленд […]