Најдоцна до септември ќе се отвори регионалниот Ургентен центар во штипската Клиничка болница


Регионалниот ургентен центар во Клиничка болница-Штип треба да се отвори најдоцна до септември, а овој центар ќе пружи итна медицинска помош на пациентите со животозагрозувачки состојби од Источниот и Југоисточниот регион. Заменик директорот на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова вели дека постапката за негово формирање е веќе започната, а во наредниот период ќе се преадаптираат просториите […]

Во тек огласот за вработување на 18 лекари и помошно-технички персонал во штипската Клиничка болница


Клиничка болница-Штип доби согласност за вработување на 18 лица. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека огласот е во тек, се очекува и наредната недела да се изврши изборот. -Добивме согласност за вработување на пет доктори, пет болничари, пет хигиеничари и по еден водоинсталатер, парноложач и електричар. Значи се вкупно 18 нови вработувања, во […]

Зошто во Клиничка болница Штип најмногу се расипуваат компјутерската томографија и магнетната резонанца?


Магнетната резонанца и дигиталниот рентген апарат кои им служат на пациентите во штипската Клиничка болница во моментов се надвор од функција. Вредните и скапи апарати се расипани подолго од еден месец и тоа е проблем како за докторите уште повеќе и за пациентите. -Поправките мора да одат на тендер, таков е законот, за рентген апаратот […]

Се активираат процедури за динамично завршување на изградбата на Клиничка болница – Штип


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Договорот за изведба на Клиничка болница – Штип, пришто е разгледано и усвоено решение за динамично завршување на изградбата на новиот објект на болницата, согласно законските процедури.   Целта е, соопштија од владината прес-служба, граѓаните на Штип и вработените […]