Клековски: Во болница се лекува 21 лице, за три се чека потврда за присуство на западнонилската треска


За три лица се чека потврда дали се заразени од вирусот западен нил, а шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 лице, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилската треска – изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.  – Во моментот имаме 53 […]

Досега потврдени 44 случаи на западнонилска треска


Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. – Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на […]

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци


Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката која останала парализирана по втор царски рез, дали има лекарска […]

Со СМС пораки се алармираат граѓаните за западнонилската треска


Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска – 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до […]

Клековски не гледа директна врска меѓу бројот заболени со западнонилска треска и бројот на прскања


Утре ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше вечерва министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во Грција се регистрирани подрачјето околу Солун и Вардар. – […]

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и за финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево


Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светскатабанка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето, што се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево, ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова […]

Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август


 Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. – Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека […]

Во болницата во Битола ќе се децентрализира и дел од терапијата за мултипла склероза


Доктори од Скопје, еднаш неделно доаѓаат во Клиничката болница во Битола, место онколошките пациенти и децата со атипичен развој да одат до Скопје за терапија или извештај, информираше денеска директорката на болницата Ненси Лозанче, пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски. -Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработката со Универзитетската […]

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција


За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство, стои во […]

Ќе се вработат уште 300 специјализанти во болниците низ државава – две години подоцна од најавеното


Проектот најавен во 2024 година, за вработување 600 специјализнати во болниците низ македонија, со проиоритет на оние надвор од Скопје, половично бил спроведен, соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.  Сега се планира вработување на уште 300 специјализнти до крајот на оваа година – По одреден застој, се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. […]

Со „вообичаена здравстена состојба“ Клековски го намалува ефектот на епидемијата во Гостивар


Министерот за здравство, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција соопшти дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, но здравствените власти остануваат во состојба на засилен надзор поради можноста од појава на нови заразни заболувања. Клековски посочи дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и 125 дневно, […]

Клековски: Одговорност за Гостивар ќе има, но да не биде линч


Забавување во системот за рано предупредување од три до четири дена е регистрирано при првичните известувања за инфекциите во Гостивар, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Според неговите изјави, надлежните служби веќе ги анализираат сите медицински податоци и повици до матичните лекари за точно да се утврди хронологијата на настаните. Клековски беше дециден дека утврдувањето […]

Над 30 повредени од невремето во Скопје, меѓу нив и странски турист


 На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) 11 лица, од кои тројца се со посериозни скршеници.  – Од 22 пациенти во „Св. Наум Охридски“, […]

Нема прогласување епидемија во Гостивар, се бара причината за стомачните тегоби


Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница. Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и […]

Лекот „фостер“ од 20 јули ќе чини 280 денари


Лекот за болни од астма и хронична опструктивна белодробна болест со генеричко име беклометазон форматерол или со фабричко име „фостер“ до крајот на овој месец ќе биде достапен за осигурениците за 280 денари. Како што најави денеска, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, „фостер“ нема да се  доплаќа 800 денари, а и цената […]

Клековски: Словенија иницира групни, меѓудржавни набавки на лекови за да нѐ фати поевтино


Намалена употребата на антибиотици, додека од друга страна – метформин, пантопразол и дијазепам во најголем дел се употребувани од граѓаните. Ова меѓу другото го кажа директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција.  ​На средбата со новинарите, Клековски говореше за лековите во државава 2023-2025 година во три сегменти: позитивна листа А, болнички […]

Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем


Доколку здравствениот систем подобро се организира и пациентите се распределуваат според сложеноста на случаите, во моментов нема потреба од изградба на нов Клинички центар во Скопје, смета директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој посочи дека дел од здравствените услуги треба да се извршуваат во општите болници, додека покомплексните случаи би се третирале […]

Извештај на ФЗО: Стабилен раст на бројот на пациенти и постепено зајакнување на здравствените капацитети


 Аналитичкиот извештај за болничкото лекување 2023–2025 година на Фондот за здравствено осигурување на РСМ (ФЗОРСМ) покажува стабилен раст на бројот на пациенти, зголемени буџети и постепено зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, истакнаа на денешната прес-конференција директорот на ФЗОРСМ Сашо Клековски и заменик-директорот Седат Бислими. Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, што […]

Полицаец четири пати за година и пол менувал матичен лекар за да му издава боледување


Во втората половина на 2025 година, 80 здравствено осигурани лица, припадници на полицијата, искористиле 514 боледувања, од кои повеќето траеле до седум дена, 171 до 15 дена, а 83 траеле и повеќе од 30 дена. – Утврдени неправилности кај 29 од контролираните 80 лица или околу 37 отсто. Овие 29 лица користеле 236 боледувања, од […]

Дебелината предизвикува 220 здравствени компликации или коморбидитети


Дебелината не е проблем на естетика. Таа е хронична, мултифакторијална болест што мерливо ги зголемува ризиците за најтешките состојби што ги гледаме секојдневно во кардиологијата, неврологијата, онкологијата, репродуктивната медицина, хепатологијата, ортопедијата и така натаму. Ова го истакна денеска проф. д-р Ирфан Ахмети, ендокринолог и претседател на научното здружение за обезност – ОБЕМ на почнувањето на […]