Економско-монетарниот комитет на ЕП го поддржа изборот на Клаудија Бух за нов шеф НО на ЕЦБ
Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент денеска ја поддржа номинацијата на вицегувернерката на германската централна Бундесбанка, Клаудија Бух за нов претседател на Надзорниот одбор со Европската централна банка (ЕЦБ). На тајното гласање на членовите на Комитетот, Бух доби 29 гласа, а нејзината противкандидатка, вицегувернерката на Банката на Шпанија, Маргарита Делгадо – 23. […]