Кирил Петков поднесе оставка и на функцијата пратеник


Поранешниот бугарски премиер и пратеник од Продолжуваме со промената, Кирил Петков денеска поднесе оставка и на пратеничката функција. Претходно Петков на Фејсбук објави дека мирно поднесува оставка и оти нема да се кандидира за нови лидерски позиции во септември, кога партијата Продолжуваме со промената ќе избере ново раководство на Генералното собрание. Тој додаде дека ќе […]

Кирил Петков неповреден во судар на две возила, едно лице загина, а две се повредени


 Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа во близина на Варна, во која учествувал автомобил во кој се превезувал поранешниот бугарски премиер и копретседател на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков. Поранешниот бугарски премиер, кој учествува во предизборна кампања, од директниот судар на две возила излегол неповреден, јави БТА. Петков патувал, заедно со три […]

Кирил Петков не сака министри од ГЕРБ-СДС во неговата влада


Не можеме да поддржиме влада со првиот мандат и не сакаме учество на министри од ГЕРБ-СДС во нашата влада, но сакаме влада, рече копретседателот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Кирил Петков во емисијата „Во фокус“ на бугарската Нова Телевизија. – Нашите избирачи јасно ставија до знаење дека имаме мандат да постапуваме по политиките што […]

Петков: Време е Софија и Скопје да се вратат на попозитивни работи


  Во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важно перспективата да не се става само на тоа каков инцидент се случи и во исто време, додека се справуваме со јазикот на омразата, мора да се отворат и други теми како инфраструктурата и економијата, со цел односите да можат да имаат и позитивен карактер, изјави […]

Петков: Нема да предложам влада доколку се врати хартиеното гласачко ливче


Копретседателот на „Промените продолжуваат“ (ПП), Кирил Петков, денеска во бугарското Народно собрание коментираше дека тие како втора по големина пратеничка група нема да предложат малцинска влада со нивниот втор мандат, откако јасно кажале дека не сакаат да го вратат во употреба гласачкото ливче во хартиена форма, јави дописникот на МИА од Софија. Пратениците во бугарскиот […]

Кирил Петков и одговори на Илијана Јотова за договорените танкери со течен гас за Бугарија


Поранешниот премиер на Бугарија и копретседател на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков одговори на критиките за енергетската политика на владата предводена од него. Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција е факт и цената на течниот гас по него ќе биде четири пати пониска. Интерконекторот е полн со гас со 40 бари, а не како што вели […]

Кирил Петков: Борисов да се пензионира, а по реформите во судството – да оди во затвор крадел по 3-4 милијарди лева годишно


Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, мора да се пензионира бидејќи ја стопира реформата на партијата. Со него нема да се направи судска реформа, бидејќи со сегашниот систем мора да оди во затвор. Тој крадел 3-4 милијарди лева годишно. Еден европски лидер изјави дека Бугарија не била примена во Шенген поради него. Тоа за бугарската „Нова […]

Радев пак удри врз Петков: причина – Бугарите во македонскиот устав


  Претседателот Румен Радев го обвини премиерот Кирил Петков дека не се согласува со неговиот предлог македонските Бугари да бидат вклучени во македонскиот Устав и тоа да биде почеток на преговорите со нашите западни соседи за нивно пристапување во Европската унија. Шефот на државата појасни дека тоа се случило на состанокот на Консултативниот совет за […]

Над 3.000 бугарски граѓани ја поддржаа владата на Петков пред патријаршската катедрала „Св. Александар Невски“


Повеќе од 3.000 луѓе учествуваа на мирниот протест за поддршка на бугарската Влада на плоштадот „Свети Александар Невски“ на јужниот влез на патријаршиската катедрала, јави дописникот на МИА од Софија. Барањата на демонстрантите беа Бугарија без корупција, како и да нема обединување меѓу ГЕРБ, ДПС, „Препород“ и „Има таков народ“. Граѓаните носеа и бугарски и […]

Уште два дена на владата на Кирил Петков?


  СОФИЈА – Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков најверојатно ќе падне со гласање за недоверба в среда, отстранувајќи ја администрацијата која вети дека ќе ја исчисти ендемската корупција во земјата и зазеде невообичаено силна позиција против Русија. Петков дојде на власт пред само шест месеци, завршувајќи ја бурната година од три општи избори со […]

За доверба на владата на Петков ќе се гласа ден пред европскиот самит


  Дали Кирил Петков на самитот ЕУ-Западен Балкан и потоа на самитот на европските лидери ќе замине како премиер со полн мандат или како технички премиер кој го загубил мнозинството во парламентот, ќе се знае од гласањето за доверба на владата на 22 јуни. Ден подоцна во Брисел треба да се одржат двата самити. Бугарското […]

Петков и пред Шолц ги повтори трите барања за Македонија


  Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во Софија дека силно го поддржува договорот за почеток на пристапните преговори со ЕУ меѓу Македонија и Албанија, но неговата мисија во Македонија и Бугарија н веројатно нема да ја постигне целта бидејќи бугарската влада тешко ќе ја промени својата позиција и ќе ја одобри рамката за преговори на […]

Кирил Петков веќе никој не сака да го слуша за Македонија


  Позицијата на бугарскиот премиер Кирил Петков во бугарската политика, барем што се однесува кон Македонија, изгледа остана целосно осамена. Па дури и кога тој се приклучи на фонот на мнозинството политичари, кои не сакаат ни да разговараат да се симне ветото ако Скопје не ги исполни сите барања на Софија. Вчерашната „молба“ испратена преку […]

Петков побара „помош“ од Радев што да прави владата со блокадата на Македонија


  Бугарскиот премиер Кирил Петков како да се откажа од целата политика што ја промовираше уште кога стана премиер, а особено при посетата на Скопје во јануари и сега се престри кон мејнстримот во бугарската политика за односите со Македонија. И веќе не споменува ништо од онаа агенда за односите меѓу двете земји што ја […]

Петков не планира наскоро да го посети Скопје


Бугарскиот премиер Кирил Петков наскоро нема да го посети Скопје, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова. – Наскоро нема да има посета, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме врз основа на Договорот за добрососедство. Така што, како што вчера потврди и македонската страна, меѓувладината конференција се одлага […]

Кирил Петков: Новите интерконектори овозможуваат да се направи нова енергетска карта на регионот


Бугарскиот премиер Кирил Петков на отворањето на меѓународната министерска тркалезна маса во Софија, посветена на регионалната соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција, што се одржа во резиденцијата „Бојана“, рече дека новите интерконектори овозможуваат да се направи нов енергетска карта на регионот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, енергетските миксови […]

Кирил Петков: Русија ја искористи корупцијата во Бугарија за да изврши влијание


  Националната корупција се користи како алатка од страна на странски земји како Русија за да се влијае на внатрешната стабилност и политика и да се создаваат зависности, поради што борбата против корупцијата е толку важна, рече бугарскиот премиер Кирил Петков во обраќањето на економскиот форум во Делфи, Грција, што го пренесе владината прес-служба. Петков […]

Кирил Петков: Во Бугарија нема независно обвинителство


Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска на состанок на Советот на министри изјави дека во Бугарија нема независно обвинителство. – Повторно се соочуваме со апсолутна саботажа од Обвинителството на Република Бугарија под раководство на Иван Гешев, изјави бугарскиот премиер – Се прикриваат обвиненија што лесно можеме да ги најдеме. Информациите добиени од изнуденото лице се прикриваат […]

Кирил Петков се плаши од хибридната војна на Бугарите против Бугарија


  Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека било логично во војна како оваа во Украина да се очекуваат хибридни напади кои доаѓаат од Русија, но оние што се случуваат на бугарска територија ги дефинира како злосторство и предавство, а како пример го наведе однесувањето на социјалните мрежи на партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ. Тој […]

Петков: Грешка е што Бугарија се откажа од евтин гас од Азербејџан


Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска изјави дека е грешка што Бугарија се откажала од евтиниот гас од Азербејџан, пренесува БГНЕС. „Погледнете што се случува на светскиот пазар. Вчера цената на гасот беше 114 евра за мегават/час, немаме гас, можеме само да купуваме. Тоа што се откажавме од евтин гас од Азаербејџан е грешка. Единствено што […]