Меѓународна награда за директорот на македонскиот КИЦ во Софија


 На свеченото отворање на 15-от јубилеен Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“, кој традиционално се одржува во Созопол, Република Бугарија, Организациониот одбор на фестивалот му ја додели Големата награда за особени заслуги и придонес на директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски. Ова високо признание претставува значаен настан не само за добитникот на […]

Македонската поезија достоинствено претставена на меѓународната книжевна сцена во Бугарија


Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, член на Друштво на писателите на Македонија и претседател на Македонско научно друштво, со поддршка на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја претстави македонската поезија на „Свето слово“ во Бургас, соопштија од македонскиот КИЦ во Софија. Со својот поетски настап, се наведува во соопштението на КИЦ – Софија, таа не само […]

Промоција на „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски во превод на бугарски јазик во македонскиот КИЦ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде промовирана книгата „Небесна пантомима“ од поетот, есеист и професор Зоран Анчевски, преведена на бугарски јазик од Роман Кисјов. Со оваа книга Анчевски првпат се претставува пред бугарските читатели. -Книгата „Небесна пантомима“, во превод на Роман Кисјов, е првата книга на македонскиот поет […]

Во македонскиот КИЦ во Софија концерт на квинтетот „СаксКлар“


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи концерт на квинтетот саксофонисти – „СаксКлар“. Македонските музичари пред софиската публика, преку аранжманите на Нинослав Димов специјално подготвени за овој неконвенционален музички камерен ансамбл, ќе се претстават со исклучителен репертоар, кој вклучува разни музички стилови, и ќе ги задоволат сите сетила и вкусови на љубителите на […]

Концерт на Дарко Багески и Петар Танески во македонскиот КИЦ во Софија


Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Дарко Багески (гитара) и Петар Танески (кларинет). Како што соопшти КИЦ Софија, на програмата на инструменталното дуо се дела од Георг Фридрих Хендел, Волфганг Амадеус Моцарт, Астор Пијацола, Ѓора Фејдман, Радојка Живковиќ, Никола Бадев и традиционални македонски песни. […]

Во македонскиот КИЦ во Софија промоција на книгите есеи „Од личен агол“ и „Книга 2020“ на проф. д-р Елизабета Шелева


Промоцијата на книгите есеи „Од личен агол“ и „Книга 2020“ на проф. д-р Елизабета Шелева ќе се одржи денеска со почеток од 18:30 часот, во Македонски културно-информативен центар во Софија. Промотор на литературните дела од проф. Шелева ќе биде проф. д-р Кристина Николовска (литературен критичар и теоретичар), а модератор на литературната вечер – Михајло Свидерски […]

Книжевен портрет на Јордан Плевнеш во Македонскиот КИЦ во Софија


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи литературниот настан „Портрет на Јордан Плевнеш во Софија“ кој е замислен како средба со познатиот македонски писател Јордан Плевнеш. Како што информираат од Македонски културно-информативен центар во Софија, вечерта ќе почне со воведни обраќања кон присутните од страна на Александар […]

Во КИЦ во Софија промоција на македонското издание на романот „Едно лето на Никола“


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија во 18 часот вечер ќе се одржи промоцијата на македонското издание на романот „Едно лето на Никола“ од македонскиот писател Марјан Патлиџанковски. Марјан Патлиџанковски ѝ е познат на читачката публика особено на книжевната критика со неговите две претходни дела од областа на македонската книжевна историографија. Како дипломиран  филолог и […]

Концерт „2+1“ на тројца македонски музичари во КИЦ во Софија


Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска од 18 часот ќе биде одржан концерт „2+1“ на музичкото трио составено од Стојан Димов (кларинет/саксофон), Нинослав Димов (саксофон) и Маја Поповиќ-Караиванова (пијано), кои ќе изведат дела од Пит Свертс, Антонино Паскуљи, Бела Ковач, Феликс Менделсон, Педро Итуралде. Стојан Димов од 1980 до […]

Изложба на скулптури на Марјан Стојаноски во КИЦ на Северна Македонија во Софија


Во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Панта реи“ на македонскиот уметник Марјан Стојаноски, јави дописникот на МИА од Бугарија. Оваа прва самостојна изложба на Стојаноски во Софија е составена од ротирачки скулптури изработени со метални и дрвени елементи. Делата се создадени во изминатите две години, а […]