Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад


 Во масовен кибер-напад без преседан беа компромитирани електронските здравствени досиеја и медицинските податоци на речиси 19 милиони полски граѓани, соопшти полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски, а пренесе „ТВП ворлд“. Според Гавковски, кибер-нападот бил насочен кон платформа која е еден од најголемите полски обезбедувачи на доверливи медицински податоци што ги користат лекарите и клиниките. […]

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ


Германија е најпогодената европска држава од рансомвер-напади, а голем дел од инцидентите можат да се поврзат со Русија, изјави германски експерт за кибер-безбедност, пренесува ДПА. Кристијан Дер, експерт за кибер-безбедност во Институтот „Хасо Платнер“ (ХПИ) во Потсдам, го изјави тоа во пресрет на националната конференција за кибер-безбедност, што ќе се одржи утре во овој град. […]