Кавадарчанец два пати во ист ден фатен како вози без дозвола


Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци поради управување мопед и возило без возачка дозвола. При сообраќајна контрола во 12:30 часот на улицата „Дисанска“, полицијата запрела мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од К.М., при што било утврдено дека го возел без положен возачки испит. По насоки […]

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, пожарникари го извлекоа телото


Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи.  – До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на […]

Кавадарчанец пријавил физички напад од сопругата


Кавадарчанец во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 13 часот во ОВР – Кавадарци, 42-годишен кавадарчанец пријавил дека на 19 април, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 39-годишна сопруга, појаснуваат од СВР – Велес. Како […]

Кавадарчанец со 1,99 промили алкохол во крвта возел и направил сообраќајка


Вчера, во 21.20 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски слчужбеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци. Со возилото „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски […]

Уапсен кавадарчанецот што ги украл коњите за Илинденскиот марш


Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил пронајден и одземен коњ, за кој претходно во Полициската станица Аеродром во Скопје било пријавено дека е украден, заедно со уште два други коњи, кои биле ангажирани за учество во […]

Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг зел кредит во негово име


Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг зел кредит во негово име, информираше денеска портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.   – Вчера во 10.00 часот во Полициската станица во Кавадарци, кавадарчанецот Р.Л.(44) пријавил дека на 25 јануари добил телефонски повик од финансиско друштво дека има рата за плаќање кредит. Според пријавеното, тој не аплицирал […]

Кавадарчанец починал по пад од тераса на Дигестивна хирургија, надлежните четири дена молчеле


Кавадарчанец на возраст од 72 години, починал на КАРИЛ, откако од терасата од третиот кат на Дигестивната хирургија паднал на вториот кат, јави „Канал 5“. Несреќата се случила во неделата вечерта околу три часот по полноќ, а ден претходно бил опериран од жолчка и во понеделникот требало да си замине дома. Кога пристигнал неговиот син […]