Унгарската претседателка Каталин Новак утре во посета на Скопје
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на неговата унгарска колешка Каталин Новак, која ќе престојува во официјална посета на земјава. Според најавите од Кабинетот на шефот на државата, оретседателката на Унгарија ќе биде пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на Пендаровски и Новак и пленарен состанок на делегациите на двете земји. […]