Концерт на Соколов и Кабранова-Филипова на „Златна лира“


Во Музејот на македонската борба вечер од 20 часот концерт ќе одржат саксофонистот Лазар Соколов и пијанистката Емилија Кабранова-Филипова. Концертот е во рамки на фестивалот „Златна лира“ организиран од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). На програмата се дела од Болинг, Бужаровски, Лело, Пејовски, Молинели и Итуралде. Влезот за посетители е слободен.