ЈПДП објави повик за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со М-ТАГ


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) објави Јавен повик за склучување договор со правни лица за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (ТАГ). Со измените на Законот за јавни патишта изгласани во Собранието минатиот месец, беше најавено дека ќе се овозможи поширока мрежа на достапност за купување и […]

На „Бехтел и Енка“ до сега им се исплатени над 312 милиони евра, во мај добиле 11 милиони евра


Изведувачот на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во мај  продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации на автопат, проектирање на експропријација, активности за откривање на експлозивни направи, работи за привремено управување со сообраќајот и за мобилизација, како и градежни активности главно за земјени работи […]

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301,08 милиони евра за коридорите 8 и 10д


Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани,  а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.  Според Извештајот, […]

ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид


Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)  велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри. Во изјава за МИА од […]

Пилот проект на ЈПДП „Снимање на сообраќајната сигнализација“


 Јавното претпријатие за државни патишта изминатите седум дена започна пилот проект со кој врши снимање на сообраќајната сигнализација на 750 километри патишта во државата. Со специјалното возило ангажирано во рамки на адаптивното одржување на РАМС системот, соопштија денеска од ЈПДП, се собираат податоци за сигнализацијата кои се внесуваат со дигитални координати, а преку системот за […]

По двете сообраќајки ќе се изработува дополнителна документација за експресниот пат Ранковце-Крива Паланка


По недамнешните сообраќајни несреќи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), презема активности за да се изработи дополнителна сообраќајна проектна документација на експресниот пат со што ќе се зголемат мерките и ќе се подобри безбедноста на учесниците на сообраќајот. Поради специфичноста на експресните патишта од ЈПДП посочуваат да се […]

Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра


На патарините во државава лани е регистрирана  фреквенција на 62.662.988  возила, а наплатата изнесува 99,2 проценти.  Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска соопшти дека 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини. Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над […]

Од патарина инкасирани 64,7 милиони евра


Oд јануари до 20 декември годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан во висина од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).  Учеството на електронската […]

Трајановски очекува „Бехтел и Енка“ да почнат да работат пред Нова Година


Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внесат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови. Како што соошти денеска Трајановски, […]

За Рустеми тврдењата на Николоски за ЈПДП се неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина


Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, во писмена реакција до медиумите ги нарече „неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина“, тврдењата на министерот за транспорт и врски Александар Николоски, за неправилности во работењето на ЈПДП. „Изнесените тврдења на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, а по наодите на Државниот […]

Наместо ЈПДП, обврските за кредитот за автопатот Кичево – Охрид ги платила државата, констатира ДЗР


За отплата на обврските по заемот за изградба на автопатот Кичево – Охрид и на Миладиновци – Штип била активирана државна гаранција бидејќи Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) не било во можност да ги сервисира финансиските обврски, па тие биле подмирени од Министерство за финансии во име на Република Северна Македонија како гарант. И […]

Работниците внимателно да ги следат претстојните огласи за коридорите 8 и 10-д, порачуваат од ЈПДП


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска преку соопштение до медиумите посочува дека изградбата на коридорите 8 и 10-д е можност за нови работни места за нашите граѓани и за перспективна еконономија. „Коридорот 8 и Коридорот 10-д е можност за нови вработувања“, велат од ЈПДП и додаваат заинтересираните работници внимателно да ги следат претстојните огласи […]