Качински поднесе оставка од потпретседател на полската Влада


Јарослав Качински, лидерот на полската владејачка партија Право и правда, поднесе оставка на својата должност како потпретседател на Владата, јави денеска полската новинска агенција ПАП. – Во овој момент веќе не сум член на Владата… Поднесов оставка до премиерот и тој ја одобри, а колку што ми е познато, ја потпишал и претседателот, изјави Качински. […]