Фицо: Транспортот на нафта преку „ЈАНАФ“ ќе биде пет пати поскап отколку преку „Дружба“


Транспортот на нафта преку Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) ќе биде пет пати поскап за Словачка отколку транспортот преку нафтоводот „Дружба“, кој нема проток на нафта повеќе од две недели, изјави премиерот Роберт Фицо по владина седница со претставници на рафинеријата „Словнафт“. На седницата, словачката Влада прогласи вонредна состојба во врска со испораките на нафта и се […]

Пленковиќ разговараше со Орбан: Хрватска сака да се договори со Унгарија за користењето на ЈАНАФ


Премиерите на Хрватска и Унгарија, Андреј Пленковиќ и Виктор Орбан, се сретнаа денеска во Копенхаген по низата меѓусебни обвинувања во последните денови во врска со транспортот на сурова нафта од страна на хрватската ЈАНАФ. „На маргините на состанокот во Копенхаген, разговарав со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Ја истакнав подготвеноста на Хрватска да снабдува нафта до […]

ЕК не го коментира спорот помеѓу Хрватска и Унгарија за енергенсите


 Портпаролката на Европска комисија, Ана-Каиса Итконен денеска изјави дека ЕК го набљудува тестирањето на Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) и не сака да го коментира заемното обвинување помеѓу Хрватска и Унгарија. Според најновите информации што ми се достапни, тестовите сè уште се во тек. Во контакт сме со земјите-членки, но немам коментар за коментарите на која било […]

Јадранскиот нафтовод ЈАНАФ најави прекин на испораките на нафта за НИС, реакција од Србија


Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) најави дека во санкциите воведени кон Русија е вклучен и договорот за транспорт на сурова нафта склучен со Нафтената индустрија на Србија, со што најави прекин на испораките на нафта за Нафтената индустрија на Србија (НИС), јави дописникот на МИА од Белград. Доколку тоа се случи, рафинеријата во Панчево нема да може […]