Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ


Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија (ЕУ), изјави Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора. „Стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан е поважно од кога било. Затоа Црна Гора мора да ја искористи можноста да стане 28-ма членка на Европската унија до 2028 година“, рече Милатовиќ за време на предавањето пред студентите […]

Црногорскиот претседател го одби министерот за одбрана да го смени началникот на Генералштабот


Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ го одби предлогот на министерот за одбрана Драган Краповиќ да го разреши бригадниот генерал Зоран Лазаревиќ од функцијата началник на Генералштабот на Армијата на Црна Гора, соопшти Министерството за одбрана. Краповиќ изјави и дека за смена на Лазаревиќ биле и претседателот на Собранието на Црна Гора Андрија Мандиќ и […]

Црногорскиот претседател Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во партијата


Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, објави во саботата дека поднесол оставка на сите функции во Движењето Европа сега. Милатовиќ, кој ја извршуваше функцијата заменик претседател на партијата, во објава на платформата Х објасни дека поднесува оставка затоа што досегашниот начин на работа на ПЕС е спротивен на ветувањата и вредностите што ги имал предвид […]

Милатовиќ пред посетата на Белград: Најважниот сегмент е целосна нормализација на односите


Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека фокусот на неговата претстојна посета на Белград, на 9 и 10 јули, ќе биде целосното нормализирање на односите со Србија како важен економски партнер, пренесоа подгоричките медиуми. Во изјава за РТЦГ, Милатовиќ потсети дека ќе се сретне со српскиот претседател, Александар Вучиќ и најави дека ќе го покани […]

Кој е Јаков Милатовиќ, човекот што го победи Мило Ѓукановиќ


  Многумина пробаа, никој не успеа. Барем до денеска. Но тоа му успеа на младиот политичар Јаков Милатовиќ. Тој успеа да го победи во вториот круг на претседателските избори во Црна Гора досега неприкосновениот политичар Мило Ѓукановиќ, кој беше алфа и омега во оваа земја уште во последните години на Југославија. Не само што победи […]

Тектонска промена во Црна Гора: Милатовиќ го победи Ѓукановиќ


  Црна Гора е на прагот на најголемата промена во 30-те години по распадот на Југославија и нејзината подоцнежна независност. Јаков Милатовиќ, кандидатот за претседател на Движењето Европа сега убедливо води во вториот круг од претседателските избори, покажуваат првичните резултати. Според прелиминарните резултати на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), врз основа на 62,7 отсто […]

Црна Гора: Како економистот Јаков Милатовиќ стана регионална ѕвезда


  Кандидатот на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, заедно со актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, оди во вториот круг од претседателските избори. Според проценките, Ѓукановиќ освои 35,3 отсто од гласовите, а Милатовиќ 28,9. За Милатовиќ сега се зборува во целиот регион, а еве како го претставува „Нова.рс.“ човекот кој ќе му се спротивстави […]