Бројот на загинати од тајфунот „Јаги“ во Мјанмар е 226
Државната телевизија на Мјанмар објави дека жртви на тајфунот „Јаги“ во земјата се 226 лица, а 77 лица се водат за исчезнати, пренесоа француските медиуми. Патиштата се отсечени, а мостовите се урнати, што го отежнува пристапот до погодените области. Според Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, околу 631.000 луѓе се погодени од […]