Концерт на Ивона Нацевска и Андреј Наунов вечерва во НОБ
Оперската пејачка Ивона Нацевска и пијанистот Андреј Наунов вечерва во фоајето на Националната опера и балет ќе одржат концерт. Како гости ќе настапат Влатко Груевски – тенор, Мартина Аврамовска – мецосопран и Биљана Дабеска – сопран. Влезот на концертот е бесплатен.