Ненадејно почина еден од најбогатите Хрвати. Му се слошило на плажа, починал неколку часа подоцна


Ивица Пивац, претседателот на Групацијата „Пивац“, ненадејно почина вчера на 71-годишна возраст, јавија хрватските медиуми. Според „Јутарњи лист“, на Пивац му се слошило околу 17 часот и веднаш бил префрлен во сплитската болница. Тој починал во вечерните часови. Ивица Пивац и неговиот брат Невен во родниот Вргорац се занимавале со преработка и увоз на месо. […]