Македонска берза по петти пат се приклучи на глобалната иницијатива „Ring the Bell for Gender Equality”


Темата на годинашниов „Ring the Bell for Gender Equality“, односно „Заѕвони го ѕвончето за родова еднаквост“ беше „Поддршка за правата на жените, еднаквост и инклузија“, а овој пат ѕвончето го заѕвонија неизвршните членови на Одборот на директори на Берзата Ивана Гажиќ од Загребска берза и Нина Неданоска од Шпаркасе Банка АД Скопје, заедно со Иван […]

Штериев – Ангелоски: На Берзата да котираат и успешни компании формирани по независноста на државата


Освен традиционалните компании кои досега котираа на Македонската берза, а се оформени пред осамостојувањето на државата, односно пред 1991 година, да се појават и нови, свежи производи – акции од компании создадени во независна Северна Македонија кои успешно работат. Ова е новото поглавје во работењето на Македонската берза што денеска го најавија директорот на Македонска […]

На Берзата во првиот квартал остварен промет од 43,3 милиони евра


Се наоѓаме во крајно турбулентен и непредвидлив период, како за економиите во целина, така и за котираните компании од различни стопански дејности и за берзите на коишто се тргуваат нивните акции, оценува главниот извршен директор на Македонска Берза Иван Штериев. Почетокот на војната кон крајот на февруари, како што вели во интервју за „Пари“, донесе […]

Војната во Украина влијаеше и на Берзата кај нас


Војната во Украина ги затекна инвеститорите на меѓународните берзи, а психолошката корелација се преслика и на нашата берза, порача денеска Иван Штериев, извршниот директор на Македонска берза АД Скопје. -Историски гледано инвеститорите во минатото многу ретко предвидувале дека ќе дојде до некакви воени конфликти. Веројатно причина за тоа е што инвеститорите генерално се рационални луѓе […]