Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на претседателот на бугарскиот клуб во Битола. Останува условната казна


  Апелацискиот суд во Битола донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на претседателот на избришаното здружение Културен клуб „Ванчо  Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓоргиевски, откако Основниот суд му изрече условна казна затвор од една година со рок на проверка од две години. Судењето против битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски го покрена Основното јавно обвинителство […]

Софија била „вознемирена“ од бришењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“


  Одлуката на Централниот регистар на Македонија да го избрише бугарскиот клуб од Битола од листата на здруженија очекувано предизвика реакција во Софија. Таа реакција на свој начин е остра, но не и жестока. Заменик-министерот за надворешни работи и портпарол, Костадин Коџабашев, имаше прес конференција, но сѐ уште нема официјална реакција на Министерството за надворешни […]

Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Културен центар Иван Михајлов” и „Цар Борис III – Охрид“


  Уставниот суд попладнево информира дека е оформен предмет во кој се оспорени Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“. „Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по […]

Приведен битолчанец за пожарот во бугарскиот клуб, го признал делото


  „Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот ‘Иван Михајлов’ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото“, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. „Се работеше деноноќно да […]